Home ЗАБАВА Луд Свет 40 жени во паника, на погребот на „Ромео“, дознале дека бил зразен...

40 жени во паника, на погребот на „Ромео“, дознале дека бил зразен со ХИВ

103
0
SHARE

Вистинска паника завладеала на погребот на младиот Романец Даниел Деку (24), познат по љубовните врски и афери со повеќе десетици девојки и жени од градот Сегарч во југоисточна Романија, кога за време на неговиот погреб се обелоденило дека тој починал од СИДА.

Младите и постари Романки кои пристигнале да се испратат со својот љубовник првично кренале паника и започнале да вриштат, а потоа ги нападнале членовите на неговото семејство на сред погребната церемонија, за подоцна веднаш да се упатат кон болница за да се тестираат од смртоносниот вирус.

Во локалната болница се пријавиле вкупно 40 девојки и жени кои дале крв, а до сега потврдено е дека само две од нив се ХИВ позитивни.

Ромео

Мајката е под истрага

Бизарниот случај предизвикал хаос во цела Романија и покренал и законски и морални прашања дали момчето, познато по надимакот Ромео, имал обврска на своите партнерки да им даде до знаење дека боледува од смртоносната СИДА.

Всушност, лекарите потврдиле дека Даниел веќе подолго време знаел дека е ХИВ позитивен, но дека очигледно молчел за тоа, исто како и неговото семејство.

Со оглед на тоа дека никаква истрага не може да се спроведе над личност која е почината, сега мета на истражување се неговите татко и мајка.

Ромео

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here