Слушај Online

симни бесплатно!

Модата на црвениот тепих на Оскарите

0
Објавено 25/02/2013 16:12 од kristina во Мода и Убавина
Х

оливудските ѕвезди конечно може да здивнат! По месец дена подготовки и спартански режим на однесување конечно ги видовме нивните модни комбинации.

Синоќешното 85-то по ред доделување на Оскарите уште еднаш покажа кој има стил и кој се најпосакуваните дизајнерски имиња.

Ништо премногу откачено не видовме на црвениот тепих. Дамите се одлучија за чиста, софистицирана елеганција.

Поголем број од тоалетите беа во неутрални бои како, црна, сива, „пудра“ боја, но имаше и тоалети во црвена, сина и зелена боја.

Џенифер Гарнер носеше тоалета на Гучи, а по многумина Џенифер доби најмногу пофалби на социјалните мрежи, но и кај модните критичари.

Актерката носеше фустан во виолетова боја кој беше со едноставен крој во предниот дел, но задниот едноствно беше раскошен и неодолив.


Ејми Адамс облече раскошна тоалета во неутрална боја со потписот на Оскар де ла Рента.

Ен Хатевеј беше помеѓу ѕвездите од кои најмногу се очекуваше на црвениот тепих. Актерката која се закити со оскар за споредна улога носеше светло розев сантенски фустан на Прада.

Ен целиот аутфит го надополни со раскошен накит на Тифани.

Наоми Вотс носеше светкава среврена тоалета со потписот на Амарми Прив која ја издолжи и на совршен начин ја потенцираше нејзината прекрасна фигура.

Кетрин Зета Џонс оваа гподина се одлучи за златен елегантен фустан на Зухаир Мурад.

Џесика Џестеин носеше заводлива креација на Армани во крем-златеста боја.

Фризурата и беше едноставна, а фустанот едноставно се изедачи со нејзиното тело па изгледаше како вистинска ѕвезда на минатиот век.

Ѕвездата на вечерта Џенифер Лоренс, носеше креација на Диор, а целиот гламурозен и раскошен изглед го надополни со накит на Хери Винстон и потпетици на Лоубоутин.

Бонд девојката Хали Бери се одлучи за силен изглед кој за неа го дизајнирала Донатела Версаче. Актерката носеше тесна светкава сребрена тоалета.

И додека дел од славните дами блеснаа на најважната филмска вечер во Холивуд, дел од нив не направија паметен зборот на тоалета и се најдоа на листата најлошо облечени.

На врвот на оваа листа се наоѓа Кели Роланд која беше дел од презентерите на црвениот тепих.

Пејачката се одлучи за црно-бел фустан со потписот на Дона Каран, кој имаше длабок шлиц речиси до колкот, но го немаше wow моментот кој сите го очекуваа.

Една од водителките на црвениот тепих, Бранди Гранвил благодарејќи на себе си покажа премногу кожа. Таа на црвеиот тепих се појави во тоалета која сама ја дизајнирала за својата модна куќа Brand B.

Слична модна утка направи и Наоми Харис, ѕвездата на филмот „Skyfall“, која се појави во долга златна тоалета дизајнирана од студентката на моден дизајн Мишел Бадгер.

Ѕвездата на „Les Miserables“, Хелена Бонам Картер, во согласност со нејзиниот чуден стил на црвениот тепих пристигна во фустан на Вивиен Вествуд во shabby-chic стил, кој не ги воодушеви модните критичари.

Вниманието на црвениот тепих го привлече и Хелен Хант која носеше фустан во морско сина боја на брендот H&M.

Фустан од еколошката колекција Conscious беше интересна замисла, но модните критичари сметаат дека фустанот воошто е и прилегал, особено на струкот.

Оливија Ман се одлучи за црвен фустан со златни детали со потписот на Маркеса. Но, креацијата со корсет во гориот дел и го отежнуваше движењето на Оливија.

На годинешните Оскари ниту некогашниот ангел Хајди Клум не направи паметен избор за црвениот тепих.

Хајди оваа година претера со деколтето на хуманитарната забава на Елтон Џон. Долгата златна тоалета во прв план ги истакнуваше нејзините гради во стајлингот кој не беше соодветен за ова случување.

Кој се прошета на црвениот тепих на 85-тото доделување на престижните Оскари, погледнете низ фотографии.

 



0 Comments



Коментирај прв!


Коментирај


 
Видео
 
  • Имитации
  • Морков
  • Бијонсе
  • Кратка коса
  • Лана Дел Реј
  • Анастасија пее песна од Тоше
  • Ренато Вугринец хелиум
  • Виткање коса
  • Крајот на Кинескиот ѕид
  • Куче
  • Фејсбук
  • злобни твитови
  • Дедо Мраз
  • Баби прв пат пробаа марихуана
  • Се хранел само со здрава храна, а потоа следувал шок (видео)