Слушај Online

симни бесплатно!

СП ракомет: Македонија не се пласира во ТОП 8

0
Објавено 20/01/2013 18:22 од Маја во
М

акедоснката машка рекометна репрезентација не успеа да обезбеди пласман во четвртфиналната фаза на Светското првенство во ракомет, откако попладнево во Барселона е поразена од Германија со 28:23.

Во првите 30.минути не функционираше играта преку пикер, а противничкиот голман буквално го сопре нашето лево крило Дејан Манасков бранејќи му ги сите три обиди за постигнување гол. Овие два елемента од нападот, заедно со техничките грешки се главната причина Македонија да биде спуштена на само 9 голови во првото полувреме.

Слично како на натпреварот против Исланд македонските ракометари имаа лош почеток на првиот дел и првиот гол го постигнаа дури во 8.минута. Германците во 23.минута водеа и со шест разлика, но до крајот избраниците на селекторот Звонко Шундовски успеаја да анулираат два гола од високата негатива и на одмор се отиде со резултат 13:9.

„Панцирите“ во 6.минута од второто полувреме повторно се вратија на плус 6 и од тој момент следуваа најдобрите седум минути на нашите ракометари на овој дуел. Во 43.минута Македонија намали на 18:16 и имаше контра преку Манасков кој промаши „зицер“ за намалување на еден гол разлика. Потоа следуваше серија на Германците од 3:0 и враќање на предноста од четири разлика што ја имаа на полувремето. До крајот рутинирано ја сочуваа високата разлика и заслужено се пласираа во следната фаза.

Ниту 8. голови на Кирил Лазаров, кој беше најефикасен на натпреварот, не помогнаа да се избегне денешниот пораз.

Освен овој дуел денеска во осминафиналната фаза на Мундијалот ќе играат и: Бразил – Русија (17:30), Данска – Тунис (20:15) и Исланд – Франција (20:15).



0 Comments



Коментирај прв!


Коментирај


5 + 2 =


 
Видео
 
  • Лаура Паузини
  • Мартин Фин
  • Сечење лубеница
  • Моќта на шминката
  • Диплење маица
  • Куче се онесвести од среќа
  • Морган и Џими
  • Русинка пајак
  • Секс и град
  • Магионичар
  • Game of Thrones
  • Портокал
  • Отварање пиво со хартија
  • Суарез
  • Овца