Слушај Online

симни бесплатно!

Државна лотарија на Македонија слави: Доделени 1 милион евра на Ново Лото

0
Објавено 12/11/2013 20:22 од Маја во Секојдневие
З

а 90 кола колку што до сега се одржани во 2013-та година од првото коло одржано на 02.10 2013 заклучно со 90-тото коло одржано во саботатата 02.11.2013, играта на среќа НовоЛото заокружи 1.000.000 (еден милион) евра во постигнати и доделени добивки.

Имено, во овие 90 кола остварена е една седумка во вредност од над 282.000 евра уплатена во Скопје во Монас Трејд на улица Македонија, девет добивки 6+1 постигнати во различни градови низ Република Македонија, 272 добивки за шест погодоци 6ки, 11. 279 добикви за пет погодоци и 15.839 добивки за четири погодоци.

Со ова играта НовоЛото е високо на почесното место – омилена игра на македонските ѓраѓани која ја носи највисоката премија во Македонија.

Бројката од над 1.000.000 евра во постигнати и доделени добивки во 2013та се однесува само на играта НовоЛото, додека дополнителната игра НовоЛото Џокер чии извлекувања се реализираат во истата ТВ емисија, веднаш по извлекувањата на НовоЛото, носи посебна среќна приказна.

Таа среќна приказна во 90тото коло го доби и својот трет добитник на премија Џокер со 6 погодоци со рекордна добивка за оваа дополнителна игра од над 3.000.000 денари. Веќе се запознавме и со среќниот добитник, а сторијата за него ќе ја сместиме во следното известување.

Играчите на НовоЛото знаат зошто и се верни на оваа игра, а според сумата на доделени добивки во 2013та ја оправдува нивната верба.

Во моментов премијата за 7ка на НовоЛото изнесува над 13.300.000 денари.



0 Comments



Коментирај прв!


Коментирај


 
Видео
 
  • Будала - леден предизвик
  • Виножито
  • hitportal-bosanec
  • Плејбој зајачици
  • Дино Мерлин
  • Луди Босанци се шамараат
  • Јелена Карлеуша
  • hitportal fail bucket
  • BBC
  • Тужба
  • Хју Џекман
  • Чедомир Јовановиќ
  • Националност
  • Мајка и ќерка
  • Хурем