Актерката од канскиот лауреат „Дипан“ гостинка на „Синедејс“

Актерката од канскиот лауреат „Дипан“ гостинка на „Синедејс“

0
СПОДЕЛИ

Филмот „Дипан“ на режисерот Жак Одијар, годинашниот добитник на Златната плама во Кан, е прв долгометражен игран филм на индиската актерка Калиесвари Сринивасан, која во својата земја е позната по театарски улоги.

Таа е гостинка на фестивалот „Синедејс“ на кој филмот беше прикажан вчеравечер во Гала-програмата.

Тематизира приказна за интегрирање на бегалци од Шри Ланка во Европа за време на Граѓанската војна во таа азиска земја.

Насловниот лик (Дипан), кој го игра актерот Јесутхасан Антонитхасан, е припадник на Тамилските тигри, успева да побегне и доаѓа во Франција за да добие азил. Работи како чувар на станбен блок во париско предградие, а во потрагата по подобар живот стекнува ново семејство.

„Дипан“ денеска од 17.30 репризно ќе биде прикажан во кино „Милениум“. Од 20 часот, пак, е „Ирационален човек“ на Вуди Ален кој е распродаден, како и сите филмови на Ален кои беа прикажани на „Синедејс“ во изминатите години.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР