Home ЗАБАВА Алпски игри во Градски парк: Време за забава, музика, игри и награди

Алпски игри во Градски парк: Време за забава, музика, игри и награди

92
0
SHARE

Природата има изненадувачки позитивно влијание на здравјето на луѓето, а особено на децата.

Игрите на отворено се непотиснати и креативни, од нив децата учат како функционира светот. Кога се во природа, децата истражуваат со сите сетила, фантазираат, осознаваат, користејќи го мозокот на единствен начин. На отворено, децата повеќе се поврзуваат со природата, полесно го сфаќаат светот околу себе и прераснуваат во личности со одговорно однесување кон животната средина.

Имајќи ги в предвид сите благодети на природата и играта на отворено, тимот на Алпско млеко и оваа година ги организира Алпските игри во кои децата уживаа и минатата година.
Во недела, на 11 јуни од 11 часот, во Градски парк кај школка, сите што сакаат квалитетно поминато време со своите најмили, ќе имаат единствена прилика да поминат прекрасно пладне заедно со Петко и неговиот бенд. Ќе играат, ќе се дружат, ќе се забаваат низ музика и натпревари, проследени со супер награди на вторите Алпски игри за деца од 4 до 12 години.

Природата ја поттикнува безграничната детска фантазија, инвентивност, креативност и интелигенција. Низ игрите на отворено, децата развиваат подолема емпатија и внимателност кон другите деца, учат што функционира и кој начин на размислување и делување носи успех.

„Сакаме да ги поттикнеме родителите да го лимитираат времето поминато пред екраните и мониторите и да им обезбедат на своите најмили игра на чист воздух и забава со врсниците. Затоа ги повикуваме сите родители на добра дружба и забава во недела, на 11 јуни од 11 часот, во Градски парк кај школка на вторите Алпски игри“ – изјавија од тимот на Алпско млеко.

Алпско млеко ги охрабрува родителите да ги изложуваат своите најмили на што е можно повеќе идеи и концепти во хармонија со природата, да се трудат да им обезбедат живописни, возбудливи и богати искуства. Играта во природа нека прерасне во радост, задоволство и восхит, а Алпските игри претставуваат извонредна можност за изразување на сиот потенцијал што децата го носат во себе.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here