Home ЗАБАВА Алпско млеко нов партнер на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

Алпско млеко нов партнер на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

121
0
SHARE

Од 20 јуни до 2 јули во две смени веќе трета година по ред во комплекс од висока категорија на крајбрежјето во Охрид, ќе се одржи ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ чиј иницијатор е нашиот најголем македонски ракометар Кире Лазаров.

Околу 300 деца од 8 до 18 години ќе уживаат и напорно ќе работат покрај врвни тренерски имиња и ракометни гости, кои ќе се обидат да им пренесат дел од своето искуство, да им дадат ракометно знаење и да ги „контаминираат“ со најпопуларниот спорт во нашата земја.

Во овој камп веќе две години по ред доаѓаат деца од Македонија, од регионот, но и веќе оформени играчи, кадетски, младински репрезентативци од Ирска, Данска и други земји за да ги надоградат своите знаења и да ги усовршат своите вештини со квалитетни тренери, да ги видат Дејан Манасков, Столе Стоилов, Филип Миркуловски, но и да учат техники од најдобрите стратези како Данило Брестовац, Периќ, Џукиќ, Аџиќ, Ангеловски, Ристовски, Ракчевиќ кои ќе им пренесат драгоцени знаења.

Голем број спонзори, поддржувачи и партнери, меѓу кои и Алпско млеко ја препознаа вредноста на овој квалитетен проект во кој децата имаат можност да го развиваат тимскиот дух, спортската култура и да креирааат навики за спортски живот.

„Пресеќни сме што Алпско млеко е партнер на ова врвно ракометно училиште каде децата што сонуваат да бидат Кире Лазаров можат да го видат одблиску, да го анализираат неговиот живот, да видат што значи дисциплина и да набљудуваат како изгледа животот на еден професионален спортист. Горди сме што сме партнери во оваа позитивна приказна со интересен концепт во кој Кире ја искористи својата позиција на глобален бренд да регрутира деца од Македонија, но и од многу други земји и да ги демонстрира своите најдобри спортски практики во насока на јакнење на капацитетите за развој на ракометот“, изјави Лепа Георгиевска Ристов, претставник од Алпско млеко, партнер на проектот.

Кире Лазаров со отворањето на овој камп направи голем исчекор кон позитивни промени, во насока на привлекување и негување на талентите за спортско ангажирање кај децата, користејќи го сето свое професионално знаење и создавајќи поволен амбиент за поттикнување на младите генерации да го засакаат овој комплексен спорт.

„Алпско млеко секогаш ќе ги охрабрува сите поединци и здруженија чија цел е да мотивираат, инспирираат, поттикнуваат, поддржуваат и да создаваат поволен амбиент за напредок и за развој на позитивни практики во различни сфери од животот“, додава Георгиевска Ристов.

Ракометот е мултидисциплинарно подрачје, што бара сплет на знаења, вештини и достигнувања во различни области. Во функционална смисла, спаѓа во високоинтензивните спортови, но е и многу истакнат и видлив социјален феномен. Ракометот бара многу откажувања, врвни знаења и инвестиции, но и усогласувања на социо-психолошкиот аспект со антрополошките димензии на овој спорт.

Во таа смисла, Кире Лазаров со отворањето на овој камп е двигател на позитивни промени во насока на привлекување и негување на најразлични таленти кај децата, поставувајќи највисоки стандарди во комуникацијата со учесниците, но и со родителите, користејќи го сето свое професионално знаење и совест, промовирајќи залагање, влевајќи доверба и создавајќи поволен амбиент за поттикнување на младите генерации да го засакаат овој комплексен спорт.

Крајниот рок за пријавување на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ е 1 јуни или до пополнување на капацитетите.

Повеќе информации на: https://www.facebook.com/handballcampkirillazarov7/

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here