Ана Ивановиќ стави крај на кариерата

Ана Ивановиќ стави крај на кариерата

34
0
СПОДЕЛИ

Познатата српска тенисерка Ана Ивановиќ за сајтот „ВТА“ го даде своето прво интервју во кое таа објаснува како се чувствува по ставањето крај на нејзината професионална кариера.

„Бев нервозна, но се чувствувам добро. Не ја донесов одлуката преку ноќ, ја имав на ум некое време, но се обидов да го следам срцето, што за мене е најдобро. Почнав да играм тенис, бидејќи го сакав овој спорт. Јас се уште го сакам, но време е се тргнам од различни причини. Немав многу среќа со повредите, пред две години бев во Топ 10, а потоа следат подеми и падови поради бројни повреди. Минатата година имав одлична предсезона, работев многу но осцилациите продолжија. Така почувствував дека е време да се повлечам“, изјави Ивановиќ.

Таа додаде дека тенисот ја направи посилна личност, и помогна да ги пронајде вистинските пријатели и дека со него ги совладала лошите моменти во животот.

ана ивановиќ

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР