Анџелина Џоли како нова, со клеточна терапија

Анџелина Џоли како нова, со клеточна терапија

53
0
SHARE

Шпекулациите за здравствената состојба на Анџелина Џоли не запираат, особено покрај разводот со Бред Пит и битката за старателство над нивните шест деца.

Актерката изгледа сè послаба и побледа, а некои жолти медиуми дури си дозволија да ја нарекуваат “одечки мртовец”. Самата Енџи сепак ги земала работите во раце и според запознаени редовно одела до Шведска за терапија со живи клетки. За магична процедура ѕвездата научила од својот колега Мајкл Фокс, кој долго време се бореше со Паркинсонова болест.

Џоли дознала дека клеточната терапија се користи во борбата против рак, Паркинсонова и други страшни болести и се врши успешно во шведскиот институт Каролинскиот. Енџи замолила своја блиска пријателка – британскиот политичар бароницата Арминка Хелик за помош и по неколку разговора од нејзина страна, актерката полетала за Шведска, пишува RadarOnline.

Блиски до ѕвездата открија пред медиумите дека таа веќе неколку пати летала до европската страна – еднаш во февруари со лет од Камбоџа и во март по говорот во Женева. Во медицинската установа Џоли добила третман за дигестивниот систем.

“Лекари се загрижени дека слузницата на цревата ѝ е амортизирана и таа не ја обработува храната правилно. Ако ваквите проблеми не се лекуваат, може да се дојде до дијабетес и некои тешки гастроинтестинални болести. Благодарение на шведските лекари таа целосно се преобрази. Таму беше третирана со лекови за гастропареза (парализа на мускулите на стомакот), што според нив ѝ предизвикува гадење “, коментираат од опкружувањето на актерката.

Роднините на Џоли се многу среќни од промената.

“Тоа е чудо! Т-клетките на Енџи се засилени и таа се колне дека во месеците немала стомачни проблеми. Не е воопшто лошо за човек кој личеше на одечки мртовец! “, додаде изворот пред медиумите.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY