Бијонсе го крие породувањето: Близнаците имаат здравствени проблеми

Бијонсе го крие породувањето: Близнаците имаат здравствени проблеми

0
СПОДЕЛИ

Бијонсе и Џеј Зи станаа родители на близнаци, момче и девојче чии имиња сеуште не се познати.

Пејачката од јавноста го криеше датумот за породување, па ни сега не е дефинитивно познато кога бебињата дојдоа на свет.

„ТМЗ“ пишуваат дека пејачката сеуште не се огласила за породувањето бидејќи близнаците имаат здравствени проблеми, па поради тоа веќе една недела тие престојуваат во болница во Лос Анџелес.

„Бијонсе се породи уште во понеделникот, но не сакаше да го сподели тоа со светот на совет на лекарите. Постои некаков здравствен проблем со децата и поради тоа уште се во болница. Бијонсе е добро, но не сака да се одвои од бебињата“, вели извор близок до двојката.

Изворот не открива за каков проблем се работи, само додаде дека дијагнозата на докторите е дека тој проблем ќе исчезне за многу кратко.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР