Чаша вино пред спиење ги топи килограмите

Чаша вино пред спиење ги топи килограмите

43
0
СПОДЕЛИ

Сакате да се ослободите вишокот килограми? Тоа сега може да го направите со пиење вино пред да си легнете.

Имено, новото истражување на Универзитетот во Вашингтон покажало дека има дирекна врска меѓу виното и слабеењето, благодарение на супстанцата наречена ресвератрол.

Состојката која се наоѓа во црвеното вино, наводно помага при претворањето на лошите во добри масти кои полесно можете да ги согорите.

А, за тоа кога е најдобро да се пие виното за да се добијат најдобри резултати, една студија од 2012 година сугерира дека вечерите се совршено време за тоа.

Но, докторите сепак велат дека не треба веднаш да се препуштите на пиење црвено вино навечер, бидејќи алкохолот му штети на телото, а доколку сакате да ги искористите бенефитите од состојката можете навечер да јадете боровинки, грозје и јагоди, кои се природни извори на ресвератрол.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР