„Човекот кој не сакаше да умре” на фестивал во Будимпешта

„Човекот кој не сакаше да умре” на фестивал во Будимпешта

0
СПОДЕЛИ

Краткиот анимиран филм „Човекот кој не сакаше да умре” во режија на Гоце Цветановски ќе биде прикажан на 13. Фестивал за анимирани филмови „Анилог” во Будимпешта.

Проекцијата е во киносалата „Уранија“, најголема во унгарската престолнина.

Главните улоги ги толкуваат Висар Вишка, Никола Ацески, Милан Тоциновски и Драгана Левенска, а музиката е компонирана од Били Гулд, басист на рок-метал групата „Феит но Мор“ (Faith No More).

Филмот на Цветановски светската премиера ја имаше во Италија, а гостуваше и во Бразил, Србија, Полска и Македонија.

Добитник е на наградата за најдобра анимација на фестивалот за хорор и фантастика „Хризантема“ во Србија.

Во декември филмот ќе биде прикажан и на фестивалот „Аниматека“ во Љубљана.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР