ДАДАРИСТИКА: Дали презентерите во Македонија знаат да се средат?

ДАДАРИСТИКА: Дали презентерите во Македонија знаат да се средат?

0
СПОДЕЛИ

Како и минатата недела, така и оваа, стилистот Дадар ги коментира најлошите и најдобрите стајлинзи на нашите и светските ѕвезди, а дава и совети поврзани со шминката и фризурата на јавните личности.

Вклучете се и Вие со вашите коментари, затоа што Мое Студио – Дадар ви подготвува многу интересни подароци и изненадувања.

Дадар овој пат го оцени стајлингот на дел од македонските презентери на централните вести, ликови кои секојдневно ги гледаме преку ТВ екраните.

Еве го неговото мислење за тоа како се средиле водителите на вестите на Канал 5, МТВ, Алфа, Телма…

[box_info]Користете ги стрелките за промена на фотографија и коментар.[/box_info]

[slider][pane]

Љубица Јаневска, Канал 5

Убедливо најубавата презентерка во Македонија!
Совршено добро и одговара  секој стил на шминка и фризура, а истото важи и за различни стилови за облека! Голема штета е што не моземе да ја видиме целата фигура на сликава затоа што верувајте таа е и претерано згодна! Доколку и се здосади од вести може да работи на модните писти.

 

[/pane][pane]

Билјана Трендафиловска, МТВ

Искуство, сигурност, шарм, прецизност, самодоверба! Стајлингот кажува многу за човекот, па така и за Билјана која зрачи на сликава! Може и за нијанса треба почесто да носи вака свежи бои како на пример оваа пастелна боја на кошула која преубаво и стои!

[/pane][pane]

Борислав Тноковски, Канал 5

Секогаш убаво среден во косата и целосниот стајлинг. Машката шминка не смее да се познава, баш напротив треба само да даде свежина и делумно мат изглед на лицето, нешто кое секогаш му успева на Борче да го постигне! Можеби малце би сугерирал за сосема малку по кежуал начин на облекување за да нели видиме и како изгледа во друго издание.

 

[/pane][pane]

Јулијана Пешевска, Телма

Премногу конзевративно и строго! Презентерката делува повозрасно, а може да изгледа доста помодерно, а истовремено да се задржи оној класичен изгледа кој нашите Македонски презентери го преферираат, додека во светот се читаат вести и по наједноставни кошули и блузи. Инаку, Јулијана изгледа секогаш убаво на екраните, но верувам дека може да изгледа многу подобро со соодветна шминка и фризура! Во Телма ми се допаѓа осветлувањето!

[/pane][pane]

Катерина Топалова, МТВ

Катерина изгледа свежо, модерно, младелашки и отмено! Ми се допаѓа севкупниот стајлинг! Совет: Ајде да ја видиме со друга форма на косата!

[/pane][pane]

Лазар Темелков, Алфа

Лазар изгледа секогаш средено, културно, класично, отмено и помалку конзервативно! Еден од ретките презентери на кои палтото му е точно и не му е 3 броја поголемо!

[/pane][pane]

Татјана Стојановска, Канал 5

Татјана убава како и секогаш! Пријатна секогаш да се види на малите екрани. Совет: Промената на секого добро му доаѓа! Ако нема промена нема прогрес!

[/pane][pane]

Валентин Николовски, Сител

Валентин ме маѓепсува секогаш со неговиот необичен глас додека ги презентира вестите, па се друго паѓа во вода! Сепак мојот коментар за неговиот стајлинг на оваа фотографија е МНОГУ ДОБАР.

[/pane][pane]

Алиса Шакири, Алфа

Одличен стајлинг! Ми се допадна црно-белата варијанта на облека! Косата е премногу залепена, па изгледа како да и е пополно лицето! Шминката може да биде посвежа! Се на се, убава појава!

[/pane][/slider]

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР