Дадаристика: Модна оценка за ѕвездите на Скопски фестивал 2013

Дадаристика: Модна оценка за ѕвездите на Скопски фестивал 2013

152
1
СПОДЕЛИ

Македонската опера и балет вчера на едно место го собра македонскиот џет сет, каде сите заедно ја прославија квалитетната македонска песна.

23 изведувачи и толку модни комбинации продефилираа на сцената на Скопскиот фестивал 2013.

Дел од естрадата блесна со изборот на стајлингот, додека дел од нив не се покажаа во вистинското светло.

Стајлингот на Скопскиот фестивал 2013 го оцени и Дадар, а ова е неговото мислење за стајлингот на Адријана, Елена, Ламбе,Тамара, Нина и Кристина прочитајте го во продолжение.

1. Адријана Јаневска

Андријана изгледаше магично! Имаше претерано убава песна, а сите знаеме дека пее како славеј.

Зеленото и стои совршено, а шминката и фризурата ја прават вистинска дама!

2. Тамара Тодевска

Одлична песна, а стајлингот и беше за 10-ка. Изгледаше како филмска ѕвезда од златното време на Холивуд.

3. Нина Јанева

Девојка која има магичен глас. На Скопскиот фестивал имаше откачена фризура и преитересна креација, браво!

4. Кристина Арнаудова

Кристина ми се допадна. Беше освежување на фестивалот. Многу убава шминка, но косата не ми се допадна.

5. Елена Ристевска

Иако е докажан пејач, вчера растури!!! Сметам дека достигна кулминација во својата вчерашна интерпретација и тоа ме прави многу среќен.

Креацијата е доста драматична, меѓутоа одговараше на песната т.е целокупната приказна.

6. Ламбе Алабаковски

Честитки за победникот кој е прекрасен во секое издание, иако сметам дека креацијата не ми одговараше на неговиот млад дух.

Фото: fashionel.mk

1 коментар

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР