Дали би го направиле ова: Живееше во ковчег три дена, еве зошто

Дали би го направиле ова: Живееше во ковчег три дена, еве зошто

0
СПОДЕЛИ

За многу луѓе идејата дека може да бидат живи закопани е вистинска ноќна мора.

Но, за 61-годишниот Џон Едвардс тоа е вистинска авантура.

Овој американец се согласи три дена и три ноќи да помине во ковчег, закопан под земја.

Се разбира се работи за специјално изработен ковчегот, бидејќи во обичен не би преживеал долго.

Ковчегот бил осветлен и опремен со интернет за да може да се вклучи директно на социјалните мрежи.

Инаку Едвардс е екс наркоман и алкохоличар кој повеќе од две децении е „чист“, а со ова сакал да ја подигне свеста кај останатите зависници.

„Мојот план беше на нивните прашања да одговарам од гров пред тие таму самите да завршат. Сакав да им влеам надеж и убава порака“, вели Едвардс.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР