Џибони:„Имам публика со ‘рбет и со вкус“

Џибони:„Имам публика со ‘рбет и со вкус“

98
0
СПОДЕЛИ

Хрватската ѕвезда Златан Стипишиќ – Џибони е музичар што секогаш ја остава својата душа на сцената без разлика каде настапува.

Ветува дека на македонската публика ќе и понуди квалитетен концерт, кој ќе се одржи на 16 ноември, во салата „Борис Трајковски“.

Гостинка ќе му биде Стефанија, солистка на Лондонскиот госпел-хор и како што вели неговиот брат Влатко Стефановски.

Ќе понуди разновидна програма, составена од неговите стари хитови и новите песни од последното издание на „20th Centry Man“, наменето за странскиот пазар.

Изјавивте дека вашата музика е за луѓе кои пораснале со албуми, лонгплејки и цедеа како формат, преку кои се запознавале со музиката бидејќи и вие сте како нив.

Каков профил на пубика очекувате на Вашиот концерт во Скопје?

Се разбира дека таква публика има и во Македонија. Тоа се мојата сорта луѓе. Тие имаат ‘рбет, карактер и свој вкус. Не даваат лесно да се манипулира со нив со скандали и евтини маркетинг трикови.

Тоа се луѓе на кои квалитетот на музиката и на песните им е на прво место. Тие сами откриваат што е за нив добро, а што не, без разлика на топ-листите.

Знам дека моите луѓе ги има во светот и се разбира во Македонија. Во голем број.

Што ќе понудите, какво изненадување не очекува?

Очекувам фантастичен концерт. А, се надевам дека тоа нема да биде изнеадување, ха, ха, ха. Се надевам дека и порано имав добри концерти.

Се разбира дека екипата што доаѓа со мене е фанстастично уиграна. Гостинка ќе ми биде прекрасната пејачка Стефанија, солистка на Лондонскиот госпел-хор и мојот „брат“ Влатко Стефановски.

Како ги доживувате Вашите настапи? Дали сте самокритични?

Се разбира. Секогаш сум самокритичен. Нема да напредував да не бев свесен за своите слаби страни, кои требаше да ги поправам.

Без разлика на тоа со што се занимаваме, со музика, кошарка или готвење, треба секогаш да бидете самокритични.

По што е посебен новиот албум во споредба со претходните изданија на „Миракул“ и „Толеранца“?

На претходните изданија флертував со англисиот јазик, во песните „Протсти“, „Толеранца“, „Миракул“, „Анѓео у теби“. Овој пат целиот материјал го отпеав на англиски јазик. И тоа го сфаќам како судбина.

Не само јас, тоа требаше да го направат и другите. Колку и да се убави и богати нашите јазици, веќе никој не ги разбира.

И тоа е проблем, бидејќи песната не е филм за да може да се титлува. Затоа мораш текстот да го напишеш на еден од светските јазици.

Вашиот нов албум го работевте со композиторот Енди Рајт, кого македонската јавност го запозна најмногу преку соработката со македонската легенда Тоше Проески.

Како течеше снимањето?

Додека снимавме во Лондон, често го споменувавме Тоше. И Енди и инжинерот за звук Гевин Голдберг со голема тага се присетуваа на Тоше. На неговиот неверојатен пејачки талент. Можам да кажам дека тоа се прекрасни луѓе. Имаат добро срце, како што ние велиме.

Верувате ли дека ќе се случи чудо и ќе постигнете светска слава?

Тоа не ми е целта. Посакувам само во неколку европски земји да го проширам кругот на луѓето што размислуваат и чувствуваат слично како мене и мојата публика во регионов.

Никогаш не размислував дека морам да бидам славен во Банког или во Пјонгјанг. Мислам дека мојата реалност е да имам концерти во Рим, Виена и во Милано. И, се разбира, во Скопје.

Во вашите песни пеете за жените и љубовта што може да ве инспирира да напишете убави стихови?

Ех, кога би знаел, би пишувал секој ден. Тоа е работа на испирација, а не на мудрување.

Каква е вашата филозофија за љубов и брак?

Никогаш не губете надеж. Пуштете го срцето да ви одбере партнерка. Како што вели Балашевиќ во една песна: „то не бира памет, него срце“.

Не постои рецепт, но постои надеж дека меѓу седум милијарди луѓе има по три ипол милијарди мажи, а исто толку и жени.

Господ направил за секој да има по една сродна душа. Само прашање е дали јасно сме гледале или сме биле доволно пијани кога сме се вљубувале (ха, ха, ха).

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР