Дино Мерлин го „нападнаа“ фановите на сцената на „Пиво фест 2015“

Дино Мерлин го „нападнаа“ фановите на сцената на „Пиво фест 2015“

85
0
SHARE

Со концертот на Дино Мерлин вчера заврши уште едно издание на „Пиво фест“ во Прилеп.

Како што и се очекуваше, најпознатата балканска ѕвезда го привлече најголемото внимание кај гурманите на добрата скара и пиво, а тоа се гледа и од фотографиите кои денеска ги објавија дел од порталите во Македонија.

Имено, за време на настапот на Дино Мерлин со кој заврши овогодинешното издание на „Пивофест”, на неколку наврати пејачот едноставно беше „нападнат“ од своите фанови.

Во еден момент голем фан на Мерлин се качи на сцената со една единствена цел да направи селфи фотографија, и успеа во тоа, а потоа среќно си замина од местото каде што стоеше, место кое инаку беше резервирано за новинарите, но поради непознати причини и тој се најде на истото, пренесува Музика24.

дино мерлин

Мерлин само се насмеа на овој потег, иако можеби изнанадувачки, сето тоа го прифати како нешто мило и драго кому секој може да му се случи на сцената.

Како што пишува Музика24, по примерот на ова младо момче, уште двајца од нив се качија на сцената и се обидоа да се поздрават и да го гушнат пејачот, па се поставува и прашањето зошто Дино Мерлин, големата ѕвезда на годинешниот „Пивофест“ не беше доволно заштитен?

дино мерлин

дино мерлин

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY