До кога ќе се брукаме пред странците на Виенски бал?

До кога ќе се брукаме пред странците на Виенски бал?

722
0
СПОДЕЛИ

Да расчистиме уште на почеток, содржината од текстот што ја читате во продолжение нема никакви претензии за навреда или повреда на нечиј вкус или начин на живот.

Виенскиот бал кој неодамна му се случи на Скопје по 16-ти пат, беше уште едно дежа-ву како и секоја претходно измината година, но во каков контекст?

Овој настан самиот по себе носи голема важност, одредена етика и почитување на правила според протокол, кој барем организаторите стандардно секоја година го почитуваат и се трудат да ги елиминираат недостатоците.

А тие, речиси секоја година се исти во рамки на отстапките што се однесуваат на поставениот дрес-код како треба да се изгледа на Виенски бал.

Со тоа што ќе го испочитувате наметнатото правило, значи дека ги почитувате и организаторите и самата манифестација.

Драги наши дами и господа, за да се биде на бал, најпрвин треба да ја запознаете традицијата и правилата кој истиот ги наметнува.

Господа во елитистички кругови, ако и воопшто може така да се наречат, нема да бидете само ако присуствувате таму за да бидете видени и имате пари за да си дозволите влез и вечера. Вашиот визуелитет е слика за она колку впрочем сте соодветни да знастанете на подиумот и да танцувате валцер, јадете и пиете, но и да застанете рамо до рамо со странски претставици кои навистина знаат како треба да се изгледа и однесува.

Досега во неколку наврати медиумите често знаеја да упатат критика токму во однос на тоа дека присутните на Виенскиот бал во Скопје, се како на маскенбал, а не на манифестација која ги има најстрогите правила од своето постоење. Нашиот совет кој сакаме да го упатиме и да Ви посочиме каде грешите, е навистина едноставен и бара многу малку од вашето внимание.

Доколку и следната година планирате да бидете дел од Викенскиот бал, најпрвин потрудете се да го сватите нековиот контекст во однос на тоа како треба да изгледате. Навистина не треба да сте некој специјалист по мода за да научите како не треба да се изгледа и да го испочитувате наметнатиот правилник во однос на облеката.

Можете да имате многу пари и да си дозволите да присуствувате, но во друга земја доколку не изгледате соодветно, ни куфер со пари нема да ви помогне да влезете. Тажно е тоа што личности кои секоја година се дел од балот не научија ни малку од основата. Па така и овој пат можевме да видиме дами од јавниот живот кои се појавија во бели тоалети кои се дозволени само за дебитантите, односно оние што за првпат се појавуваат. Барем од нив очекуваме да изгледаат како што треба, но и нив поважно им е да го изнајмат фустанот кој останал слободен во некое од дизајнерските ателјеа и следниот ден да се пофалат на социјалните мрежи дека носеле дизајнерски фустан.

водителка

Се нема вкус или станува збор за неинформираност, но поголемиот дел од припадничките на понежниот пол на себе имаа тоалети кои не соодвествуваат според дрес-кодот, пред се во однос на должина на моделите, боите, формите и принтовите.

Господата пак, ретко кој од нив се одлучи да облече фрак, кој е примарен за посилниот пол на Виенски бал. Но, девојките и жените секогаш се оние помаркантните кои најмногу го одвлекуваат вниманието, a кај нас тоа е најчесто на погрешниот начин.

Дефинитивно заборавете ги фустаните кои изгледаат како венчаници, бидејќи таму сигурно не сте невести, исклучете ги транспарентните модели, а неместо нив сексапилот истакнете го со шлиц кој е задолжителен доколку носите тоалета во минималистички и смирен крој.

венчаница на бал

Фустаните кои сте ги носеле на свадба и ви се омилени, оставете ги на закачалка за некоја друга прилка. Заборавте и на оние тоалети со впечатливи принтови кои го одвлекуваат вниманието, панталоните и дводелните комплетчиња.

Оваа година можеби и најмногу видовме изгледи на тоалети со голи раменици, бидејќи тие се и најчестата грешка која ја правите. Рамениците секогаш треба да бидат покриени, барем суптилно!

виенски вал колаж

Намерата не е кој ќе се прави попаметен или моден, туку кој повеќе е информиран. Следниот бал, не дозволувајте да ги повторите истите грешки, истражете на интернет, прочитајте го дрес- кодот, а потоа приклучете се и истајнувате ја вашата таканаречена важност.

Правилниот многу лесно ќе го најдете, ваше е само да го примените и да не бидете македонски срам во очите на странците кои и тоа како ги почитуваат поставените правила и тоа како гости на наша територија.

Фото: Fashionel.mk

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР