До кога растат женските гради?

До кога растат женските гради?

21
0
СПОДЕЛИ

Големината на градите зависи од фактори како генетиката, тежината, годините, бременост, а промените во големината и обликот се случуваат во текот на целиот живот.

Сепак, во одредена доба градите престануваат да растат.

Големината на градите постојано се менува, а може да варираат дури и до една цела големина во корпата на градникот. На промената во големината на градите влијае и месечниот циклус.

Кај голем дел жени, градите потполно се развиваат 3 до 4 години по првата менструација, а процесот на растење завршува прилично рано.

гради

„Женските гради растат до доцните тинејџерски или рани 20-ти години, но промените во нивната големина и облик се случуваат во текот на целиот живот и тие се поврзани со промените на ткивото во градите. На тие промени влијаат и промените во хормоните, бременост, доење, здебелување или слабеење, менопауза и сл.“ – објаснува гинекологот Јасенка Грујиќ.

Во текот на бременоста градите растат и до неколку броеви, а ткивото може да се рашири многу, па можеби да не се врати во првобитна состојба. Освен тоа, и доењето може да има влијание врз промената на изгледот на дојките. Но, како и на кој начин зависи од ткивото и густината на дојките и промените во тежината.

Некои жени како последица од бременоста имаат големи гради, додека некои пак со текот на доењето им се смалуваат.

Генетиката игра најголема улога во големината и обликот на женските гради. Гените влијаат на нивото на хормони кои потоа влијаат на ткивото во градите одредувајќи ја густината и изгледот на кожата.

Генетските карактеристики можат да бидат наследени од двете страни на семејството.

гради

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР