Документарниот филм „Засолниште“ во МКЦ

Документарниот филм „Засолниште“ во МКЦ

101
0
SHARE

Документарниот филм „Засолниште“ на швајцарскиот режисер Феранд Мелгар вечер ќе биде прикажан во Џебното кино во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Филмот ќе биде прикажан во рамки на партнерскиот проект „Докузија“, а домаќин на настанот е хрватската филмска организација „Restart Documentary“ од Загреб.

– Мотивиран од миграциите и лажното гостопримство на Европа, филмот говори за социјалните тегоби во современите општества и човечката резигнираност како одговор на истите, велат организаторите.

Филмот истовремено ќе биде прикажан и во Љубљана, Загреб, Белград, Призрен и Подгорица.

По проекцијата на филмот ќе се одржи дискусија на која ќе присуствуваат Jose Mirand, главниот протагонист во филмот и принцот Wale Soniyiki од Нигерија, кој три години живее во Хрватска како азилант.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY