Ексклузивно интервју со Јелена Розга:„Ми велеа дека нема да успеам“

Ексклузивно интервју со Јелена Розга:„Ми велеа дека нема да успеам“

140
0
СПОДЕЛИ

Таа е слатка, енергична и како што вели многу емотивна.

Јелена Розга на ден пред македонскиот радиски фестивал Марс 2013 на кој ќе ја прими наградата за најслушан балкански вокал во македонскиот етер за годинава, го промовираше нејзиниот трет солистички албум.

Розга го најави и престојниот концерт во Скопје.

1. Кога последен пат си била во Скопје и можеме ли да очекуваме твој концерт?

Кога последен пат сум била во Скопје, срам ми е да кажам, многу долго време не сум била во Скопје. Долго го чекав овој момент да се дружам со вас и утре ја добивам наградата за најслушана пејачка од регионот и тоа многу ме радува.

И се разбира, најмногу од се се радувам на својот прв концерт овде во Скопје, се надевам дека тоа ќе биде следната година.

2. Џаро те прогласи за најубава и најсекси хрватица. Според него Северина и Нина Бадрич го делат второто место. Имаш 37 години и сеуште важиш за секс симбол.

Како ја одржуваш својата секси линија?

Па верувале или не јас навистина јадам, никогаш во животот не сум била на диета, имам генетика, мајка ми и татко ми се слаби и витки а на крај и работата што ја работам, тоа е ноќна работа е напорна.

И нормално, по концерти се губи по неколку килограми, летно време можеби и повеќе, а потоа, треба да се вратат тие калории и килограми и тогаш е најдобро да се изеде бурек или топли крофни.

Бурек, па после бурекот јогурт, а после тоа крофни и чоколадно млеко ете да речеме јас така јадам, но немојте вие, не ме слушајте.

3. На медиумите и порталите во Хрватска секогаш си мета на трачеви и озборувања. Дали те погодуваат трачевите поврзани со тебе?

Ох, од каде да почнам, па трачеви имало и ќе има. Секакви написи, јас сум многу емотивна личност, би сакала да бев малку поцврста.

Многу знаат да ми речат: ти не можеш да ја работиш оваа работа затоа што си премногу емотивна. Ми велеа и дека нема да успеам, но јас мислам дека не можеш да ја работиш оваа работа не си емотивна личност.

Видео: Јелена Розга во „Екстра Ексклузив“

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР