Ексклузивно ВИП дружење со ЏИБОНИ

Ексклузивно ВИП дружење со ЏИБОНИ

0
СПОДЕЛИ

Непосредно пред големиот концерт кој балканската музичка легенда ЏИБОНИ ќе го одржи во Скопје на 16ти ноември, во арената „Борис Трајковски“, најголемите фанови на еден од најголемите музички уметници во регионов имаат несекојдневна можност да освојат ексклузивно вип дружење со Џибони.

План Б Продукција ви ја најавуваат ексклузивната акција со која двајца од вас добиваат можност одблиску да го запознаете неповторливиот и племенит музички уметник на целодневното дружење со Џибони, како и ВИП карти за неговиот коцерт.

Акцијата е веќе започната и ќе се спроведува сѐ до 14ти ноември кога ќе бидат обајавени и среќните добитници.

За да аплицирате и учествувате во изборот за вип дружење со Џибони, сѐ што треба да направите е да испратите порака во инбокс на фан страницата на Extra Exclusive со ваши податоци (име, презиме и контакт тел). Бидете брзи! Сите дополнителни информации можете да ги најдете на овој линк.

Четири години од последното гостување во Скопје, еден од најпопуларните пејачи на регионалната музичка сцена Златан Стипишиќ ЏИБОНИ подготвува голем самостоен концерт за бројните македонски фанови. За задоволството да биде уште поголемо, покрај придружниот бенд, гостин на овој концерт на Џибони ќе биде и македонскиот легендарен виртуоз на гитара, Влатко Стефановски, но и импресивната вокалистка Стефани која е единствената дама со статус на солистка во славниот и „Греми“ наградуван Лондонски Госпел Хор (The London Community Gospel Choir).

Показател дека на 16ти ноември нѐ очекува исклучително концертно доживување е и последниот настап на Џибони во Белград кога во вистинска екстаза ги понесе 17.000 фанови во преполната „Комбанк Арена“.

До големиот концерт во Скопје остануваат уште десетина дена, а според интересот кој веќе го предизвика овој настан очигледно е дека пред нас е уште еден повеќечасовен концерт кој долго ќе го паметиме.

Сите македонски фанови ги очекува вистински концертен спектакл во рамки на кој сплитскиот кантавтор премиерно ќе ги отпее песните од првиот албум снимен на англиски јазик „20th Century Man“, но воедно ќе ги потсети и на бројните постари хитови како „Либар“, „Не одустајем“, „Миракул“, „Опрости“, „Темпера“ и многу други.

Влезниците за овој концерт се достапни во продажната мрежа на МКтикетс, по цена од:
• 400 денари – горните три реда од трибините
• 600 денари – останатите редови од трибините
• 500 денари – партер
• 1000 денари – ВИП трибини
• 1200 денари – ВИП партер

Концертот на Џибони во Скопје е дел од европската турнеја за промоција на неговиот нов албум „20th Century Man“.

Почетокот на концертот е закажан во 21:00 часот, а влезот на арената „Борис Трајковски“ ќе биде отворен за посетителите од 20:00 часот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР