Евровизија 2017: Претставникот на Црна Гора настапи со здолниште (фото+видео)

Евровизија 2017: Претставникот на Црна Гора настапи со здолниште (фото+видео)

0
СПОДЕЛИ

Синоќа на Евровизиската сцена во Киев се одржа првата полуфинална вечер, а во неа 18 земји се натпреваруваа за да влезат во финалето.

Од нив само 10 успеаа да обезбедат пласман во финале.

Славко Калезиќ, претставникот на Црна Гора го привлече цело внимание со неговиот настап, но за жал не се пласираше понатаму.

31-годишниот актер и пејач ја изведе песната „Space“, иако по неговото појавување ретко кој ја слушаше песната.

Славко се појави во проѕирна маичка и долго сино здолниште, за во текот на настапот да го соблече здолништето и да остане по панталони.

Впечатлива беше и неговата фризура, односно долга плетенка која беше дел од неговиот настап.

Денес сите зборуваат за Славко и покрај тоа што не влезе во финале, погледнете.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР