Home ЗАБАВА Гаџети Facebook тестира нова функција! Еве за што станува збор

Facebook тестира нова функција! Еве за што станува збор

519
0
SHARE

Најголемата социјална мрежа во светот размислува за воведување функција за кратко професионално резиме, според „скриншотови“, објавени на платформата, пишува Business Insider.
Овој потег може да го стави во директна конкуренција со професионалната социјална мрежа LinkedIn.
Алатката им овозможува на корисниците да го прикажат своето професионално искуство и образование, како и детали за нивните контакти, фотографии и други информации, како што е случајот со LinkedIn, платформа што ја купи Microsoft.
Корисниците сега можат да покажат каде работат и што учеле на Facebook. Но, дали навистина сакате работодавците да го разгледуваат вашиот личен профил? Наместо тоа, се чини дека новата карактеристика ги комбинира сите важни информации во посебна, професионална форма, настрана лични фотографии, статуси и други публикации кои корисниците не би сакале да ги споделат со експерти за селекција.
Не е јасно колку луѓе веќе имаат пристап до новата функција, ниту, пак, какви се конкретните намери на Facebook. Социјалната мрежа често тестира нови можности кај мал број на корисници пред да ги објави на сите.
Портпаролот на компанијата не одговори веднаш на барањето за повеќе информации за оваа тема.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here