Home СПОРТ Франк Рајкард ја заврши тренерската кариера

Франк Рајкард ја заврши тренерската кариера

102
0
SHARE

Некогашниот европски првак со холандската фудбалска репрезентација и европски шампион со Барселона, Франк Рајкард ја прекина и веројатно ја заврши тренерската кариера.

Холанѓанецот реши да се посвети на семејството и веќе неколку години ги одбива сите понуди кои пристигнуваат на негива адреса.

„Поставив други приоритети во животот, а тие не се поврзани со фудбалот. Сакам секој ден да го гледам растењето на моите деца. Можеби повторно ќе се вратам во фудбалот, но не во наскоро време“, порача Рајкард.

Рајкард покрај успесите со Барселона, беше селектор на Саудиска Арабија и Холандија, а ги водеше и Галатасарај и Спарта Ротердам.

Франк Рајкард

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here