Хороскоп: Што ве очекува за Денот на вљубените?

Хороскоп: Што ве очекува за Денот на вљубените?

0
СПОДЕЛИ

Според вашата љубовна состојба дознајте што ве очекува оваа година во зависност од тоа дали сте во комплицирана или среќна врска.

Откријте и што им се смешка на самците таа вечер…

Секој хороскопски знак е поделен според моменталната љубовна состојба.

Верни се оние кои имаат стабилна и среќна врска, комлицирани се оние кои не се сигурно каде сето тоа води и слободните, оние на кои допрва љубовта ќе им се насмее.

Проверете што ве очекува за Денот на вљубените.

ОВЕН
Верни: Раздрмајте ги малку работите со вашиот партнер затоа што за Денот на вљубените ќе ви биде досадно и напорно.
Комплицирани: Едната страна сака врска, додека другата страна бега од неа. Потребно е да најдете компромис.
Слободни: Поради сите тие цвеќиња и црвени срца можеби ќе се почувствувате малку запоставено, но наскоро и на вас ќе ви се насмее среќата на тоа подрачје.

БИК
Верни: Пуштете музика, запалете мирисни свеќи, послужетете се со етерични масла и препушетете им се на чувставата.
Комплицирани: Не ги комлицирајте дополнително работите затоа што животот и онака е прекраток.
Слободни: Не се грижите што се е во знак на денот на вљубените и едноставно добро забавувајте се.

БЛИЗНАЦИ
Верни: Оваа е можност Близнаците да го разгорат огнот. За својот партнер направете нешто неочекувано.
Комплицирани: Секој партнер мора да има желба за својата половина. Обидете се да бидете во контакт што е можно повеќе и да ги решите несогласувањата.
Слободни: Излезете во некое кафуле и добро забавувајте се, заборавете на Денот на вљубените и дозволете времето да си го направи своето.

РАК
Верни: За својот партнер Рак треда да испланирате посебна вечера и да му се понудите себе си како десерт.
Комплицирани: Секогаш морате да знаете на што сте. Денот на вљубените е идеален ден тоа да го дознаете.
Слободни: Сладоледот може да биде вашиот најдобар пријател за Денот на вљубените. Искористете го во секоја ситуација.

ЛАВ
Верни: Лавот треба да биде нежен и заводлив кон својот партнер. Интимноста секогаш ги продлабочува односите.
Комплицирани: Лавот очекува да добие се, ако не го добие тоа наскоро преоѓа на следниот плен.
Слободни: Нервозниот Лав е тешко да се придобие за врска. Но од друга страна, ако се потруди, се е можно.

ДЕВИЦА
Верни: Девицата својот партнер треба да го дочека со романтична музика и себе си да се сервира како главно јадење.
Комплицирани: Обидете се да ги ставите работите на хартија и да одлучите дали сте подготвени за таков однос. Денот на вљубените е одличен за тоа.
Слободни: Јавете им се на своите пријатели и поминете ја ноќта забавувајќи се.

ВАГА
Верни: Вагата би требало да му го сервира на партнерот она што најмногу го сака и да поминат пријатна вечер.
Комплицирани: Испитајте ја својата интуиција и дознајте дали вашоиот партнер е идеален за вас.
Слободни: Ова не е време кое треба да го поминете дома, Вагата би требало да излезе и да помине луда ноќ.

ШКОРПИЈА
Верни: Прославете овој ден на љубовта со своите омилени филмови и заведете го својот партнер.
Комплицирани: Ако интересот за партнерот е слаб, подобро да го пуштите.
Слободни: Повикајте ги пријателите на голема забава и добро забавувајте се со некој кој штотуку сте го запознале.

СТРЕЛЕЦ
Верни: Организирајте му на партнерот пријатна вечера и забавувајте се.
Комплицирани: Немојте да паничите ако партнерот не се сетил да ве расположи со букет рози. Можеби ќе ве изненади со нешто друго.
Слободни: Идеален Ден на вљубените за вас е да отидете во град и да се забавувате долго во ноќта.

ЈАРЕЦ
Верни: Избегнете ја рутината и направете нешто необично и поинаку за вашиот партнер.
Комплицирани: Љубовта понекогаш е болна, но кога ќе ја најдете вистинската личност, тоа ќе биде најромантичното и најстраственото нешто што се можеле да го доживеете.
Слободни: Убаво облечете се, излезете надвор, забавувајте се и пронајдете го вашиот партнер.

ВОДОЛИЈА
Верни: Резервирајте романтична вечера на посебно место
Комплицирани: Не очекувајте премногу, пуштете работите да си течат…
Слободни: Ден на вљубените? Имате вие попаметна работа, отколку да се занимавате со такво клише.

РИБИ
Верни: Планот нека ви биде романтична вечера со свеќи или возење со кочија.
Комплицирани: За вас денот на вљубените е мачење и би било најдобро едноставно да го преспиете.
Слободни: Пуштете ја вашата омилена музика и танцувајте. Добро се забавувајте, а партнерот ќе дојде сам по себе.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР