Слушај Online

симни бесплатно!

Годишен хороскоп за 2014 година

 
  • Користи ја стрелката за промена на друг хороскопски знак



    ОВЕН

    Работа
    Со многу ентузијазам влегувате во оваа година. На голем број припадници на овој знак најважно им е да напредуваат или најдат работа. Јануари ветува, ако успеете да се прилагодите на реалното опкружување, а притоа не правете ништо од инат. До првата недела на март ѕвездите се во полето на работа. Почетокот на мај е идеално време да заминете во странство. Во февруари, јули и октомври бидете внимателни ако сте во ситуација да донесете важни одлуки или потпишувате важни договори.
    Летниот период ќе биде поприлично мирен за вас, а од октомври до крајот на годината можете да направите голема пресвртница во вашата кариера. Ќе постигнете нешто што одамна го посакувате.
    Љубов
    Јануари ќе биде во знакот на драги личности од минатото. Станува збор за стари симпатии, но и екс партнери. Ова е вистинско време за промени и обновување на врската. Не се во игра само врските кои од неодамна се раскинати, но и оние каде сте биле разделени повеќе од година дена.
    Овој месец е на ваша страна па е одлична можност успешно да ги обновите контактите, а тоа може да доведе до големи промени. Доколку ова се случи тогаш до мај може да дојде до планирање на заеднички живот.
    За жал дел од овните ќе сфатат дека ова не е тоа што го посакуваат и старата љубов конечно ќе ја остават во минатото. Нова љубов ќе се роди преку вашата работа, а во февруари на ова поле ваш пријател ќе одигра голема улога на вашиот љубовен план. Во март ќе блескате. Во вас се буди позитивна енергија и ќе сакате постојано да излегувате и да запознавате нови луѓе.
    Април би можел да биде критичен за долгите врски, па избегнувајте караници. Мај повторно ќе донесе пролетна енергија, која ќе ве ви донесе стабилен однос. Јуни е променлив, па можни се двојни врски. Од средината на јули ќе започне многу важен љубовен период кој ќе ви донесе важна личност, дури и можен брачен партнер. Влијанието од ова ќе ве следи и во наредната година.
    Ноември е време за обновување на врската со екс партнерот. Месец декември ќе ви донесе љубов од странство која ќе ве исполи. Оваа година ќе ја паметите по интересните и убави љубовни случки.
    Здравје
    До јули можете вашето психичко и физичко здравје да го донесете во одлична форма. Ако имате проблеми со килограмите, почнете со диета на почетокот на јануари. Јануари може да ви донесе проблеми со зглобовите и ‘рбетот.
    Во февруари ќе бидете изложени на алергии и вируси, додека март бара контрола на видот. Во мај ќе се чувствуавте одлично. За време на летниот период внимавајте на исхраната и што внесувате во организмот, можни се проблеми со стомакот. Септември ќе биде стабилен, а ноември внимавајте на бешиката. Декември ќе би биде одличен. Оваа година ќе се чувствувате добро.


  • БИК

    Работа
    Оваа година ќе ја одбележат големи промени на професионален план, а вие ќе бидете подготвени на компромиси кои ќе ви овозможат исполнување на работните планови. До август ќе експериментирате, менувате идеи, работи и работни партнери. Од март до крајот на мај, може да бидете повторно активни со работи кои во минатото ви донеле добра заработувачка. Тука може да дојде и до обнова на контакти со стари соработници. Одлучноста и упорноста ќе ви се исплатат во ноември. Декември ќе ви донесе многу радост низ успехот кој ќе го постигнувате. Оваа година ќе биде поволна за вработување и сите видови промени на работен план.
    Љубов
    Јануари е месец во кој треба да донесете одлука за бившите партнери. Ќе имате можност повторно да ги обновите контактите, кои ќе ви донесат конечни одговори. Дали тоа е љубов која ќе ве направи среќни или дефинитивно треба да се одалечите од партнерот. Взаемното решение за промена на односите, може трајно да го подобри вашиот однос.
    Интересна ќе биде и љубовта со личности кои се во странство или често патуваат. За време на оваа година ќе имате три периоди кога поради недоразбирања, туѓи коментари, погрешно толкување на постапките на партнерот може да дојде до сериозни караници и одалечување. Тоа ќе се случува во текот на февруари, јуни и октомври. Со малку внимание и трпение ќе спречите одалечување од саканата личност. Влијанијата ќе бидат краткотрајни, па брзо ќе пристигнувате до вистината.
    Љубовта која ќе се роди преку пријателство, ќе биде интересна во март. Додека април ви носи приказна за тајни љубовни односи, како и љубов со личост која живее далеку. Април и мај се создадени за нов почеток. Јули и август ќе бидат во знакот на летната љубов. Септември ќе ви овозможи љубовни приказни преку работата со која се занимавате. Излегувањето на елитни места ќе создаде љубовни чувства со пријатна личност, но се ова во октомври.
    Страсните врски, очекувајте ги во ноемви. Но, во овој месец може да дојде и до љубомота која ќе влијае на емотивните односи. Голем број припадници на овој знак крајот на годината ќе го дочекаат вљубени. Експанзија од љубовна среќа ве очекува во декември.
    Здравје
    До крајот на јули треба многу внимание да посветите на вашето здравје. Сите потешкотии кои ќе ги почувствувате треба да ги проверте. Не се грижете. Ова не се сигнали кои ќе ви донесат сериозни здравствени проблеми, туку едноставно дојде време да се грижите за вашето здравје и да ја вратите изгубената енергија. Спортските активности се добредојдени, како и шетањето во природа. Во август вашиот стомак ќе биде чувствителен. Во септември и октомври ќе ви се врати енергијата и стабилноста. До крајот на годината внимавајте на имунитетот.


  • БЛИЗНАЦИ

    Работа

    Близнаците сеуште максимално се посветени кон парите и материјалните добра. Самата помисла на заработувачка ги мотивира со неверојатна брзина. Ги пронаоѓаат сите можни начини за да не се отккажат. До крајот на јули одлично сте подржани од ѕвездите во полето на финансиите, поради тоа не губете време. Од вашите активности зависи и заработувачката. Од јули до крајот на годината, подгответе се за нови познанства, преку кои ќе дојдете до корисни информации и идеи. Со многу колеги и бизнис партнери ќе ги подобрите односите. Март и ноември ќе ви бидат најуспешни на овој план. Оваа година ќе ги остварите вашите работни планови доколку бидете внимателни и трпеливи.
    Љубов
    Ова ќе биде многу интересна година на љубовен план. До август ве очекуваат промени. Непланирано ќе се појави нова љубов, па за некое време во таа личност ќе гледате партнер каков што од секогаш сте барале. Сите врски кои ќе започнат одлично, имаат големи шанси да опстанат и да ви донесат убави остварувања. Сите оние кои во вас ќе пробудат пријатно чувство тие се создадени за вас. Не ја уништувајте вашата енергија за оние кои немаат ништо квалитетно зад себе.
    Од март до јуни актуелни ќе бидат смирувањата. Во тој период во вашиот живот ќе се вратат личности од минатото. Тоа може да бидат и пријатели кои повторно ќе влезат во вашиот живот. Токму преку нив може да влезете во нови љубовни приказни. Февруари ќе ви донесе љубов со личности кои од неодамна излегле од долга врска или брак. Може да се работи за партнер со кој постои разлика во години.
    Патувањата, посебно со пријатели или роднини во март ќе ви овозможат нови љубовни почетоци. Април ќе ви донесе љубов преку бизнис активностите. Мај е посветен на интересни љубовни авантури со пријатели или преку нив. Додека во јули има можност за двојна врска. Од август влегувате во одличен период кој ќе ве подржи во наредната година. Тогаш ќе имате многу контакти, познанства и патувања. На овој начин најлесно ќе влезете во љубовна врска. Есента и зимата долго ќе ги паметите по емотивен период од животот.
    Здравје
    Оваа година важно е да не ја трошите енергијата на неважни случувања во вашиот живот. Треба да најдете доволно време за одмор и сон. Ако во тоа не успеете тогаш цела година константно ќе чувствувате умор, а тоа ќе влијае на вашето расположение и здравје. Бидете свесни за потребите на вашето тело, за да се чувствувате добро. Од средина на јули до крајот на годината ќе бидете мудри и умерени во се. До таква промена ќе дојде по годишниот одмор, кој ќе ви биде добредојден. Бидете многу одговорни ако настинете и тоа во периодот од март до јуни. Користете терапија додека целосно не оздравите.

     


  • РАК

    Работа

    Првата половина од оваа година ќе ви биде одлична за постигнување бизнис успех. Во овој период полесно ќе најдете работа, ќе напредувате, а може и да најдете нова работа во подобра фирма. Сепак мора да бидете внимателни за остварувањата да бидат поголеми. Од август поголеми шанси имате за профит преку парите на вашиот партнер, како и преку наследство или кредит. Јануари може да ви донесе одлична идеја или необично познанство кое ќе прерасне во нешто ново до крајот на годината. Оваа година ќе биде погодна за почнување нов приватен бизнис. Само бидете трпеливи и пред да испланирате се не тргнувајте во акција.
    Љубов
    Нема да ви недостасува ентузијазам и и оптимизам до крајот на август, а тоа позитивно ќе влијае на вашиот љубовен живот. На непосреден начин паѓате на сите додворувања, а оние кои не ви одговараат наоѓате начин да ги избегнете. Во одличен период сте за љубов, па одберете го вистинскиот. Но, цела година ќе бидете под влијание на другите кои ќе ве предупредуваат дека мора да бидете одговорни во емотивните односи за тие да траат.
    Секоја неодговорност и недостаток на разбрање кон саканата личност ќе ви донесе проблеми и разделба. Ако дојде до разделба во врската или бракот, тогаш вашите односи ќе бидат уште полоши. До смирување може да дојде од март па се до август. Од почетокот па до крајот на јули, можете да започнете заеднички живот со саканата личност кој може да се заокружи со свадба. Доколку ваквите планови спречуваат некој објективни случувања во вашиот живот или животот на партнерот, од март до јуни ќе најдете соодветно решение за проблемите. Во јули многу лесно може да влезете во двојна врска.
    Август ветува романтичен партнер, особено на одмор. Септември може да ви овозможи љубов со доминантен спортист или униформиран партнер. Од октормври до крајот на годината, ќе се роди љубов кон личност од странство и тоа преку вашата работа. Љубовта ќе се роди на службено патување.
    Здравје
    Апетитот може да ви создаде проблеми во текот на целата година. Доколку одговорно не се соочите со овој проблем, може да очекувате здебелување. Веднаш мора да пронајдете соодветен начин да се изборите со килограмите. Секако физичката активност е добредојдена.
    Инаку се наоѓате во одличен период за вашето здравје. Многу подобро ќе се чувстувате отколку претходната година.
    Постои можност за полесни повреди во домот, па бидете вннимателни. Од август до крајот на годината ќе ви биде потребна подобра организација на секојдневието, за да не дојде до голем замор.

     


  • ЛАВ

    Работа
    Од почетокот на годината ќе правите големи планови за подобра иднина. И сами чувствувате дека е време за многу работи во вашиот живот, па и кариерата да ја насочите кон вашите цели. Од средината на јули влегувате во фантастичен период, кој ќе ви ја овозможи среќата која ја заслужувате. Се зависи од вас колку ќе бидете подготвени за прифаќање нови одговорности во вашиот живот. Влијанието ќе трае цела година и ќе означува промена на подобро.
    Од јануари треба да се фокусирате на својата кариера, што сакате и во која насока би сакале таа да се развива. Оваа година ви донесува добри односи и остварување во странство. Ако имате планирано да заминете некаде за да живеете и работите, тогаш ова е иделано време за тоа. И контакти со странци ветуваат многу.
    Љубов
    Од почетокот на годината актуелни се тајните врски. Тоа може да биде и љубов со личности кои се некаде далеку од вас. Но, станува збор за голема тајна љубов која може да е и со стара љубов која не можете да ја заборавите или пак со нова личност. Бидете трпеливи, бидејќи ќе дојде до големи промени од јули оваа година. Тајната љубов може да стране јавна на задоволство на двајцата. Тајни симпатии и стара љубов има шанса да се оствари до крај на месец мај.
    Од почетокот на годината па до март, ќе ви се случат љубовни врски преку работа, но и ситуации каде ќе им помагате на личности кои имаат потреба од ваша помош. Во март ќе започнат разговори и планови за заеднички живот со партнерот, додека април ќе биде идеален за долги врски или брак. Секако ќе дојде до будење на пријатни емоции. Ќе имате голем избор, а ваше ќе биде да одберете. Една романтична душа може да ве заведе и да ви ги оствари соновите. Во мај ќе започнете да размислувате за влегување во друг брак.
    Но, ако сте слободни својата љубов ќе ја пронајдете на патување или тоа ќе биде личност која доаѓа од странство. Јуни предвидува многу излегувања и љубов, која ќе прерасне во двојна врска. Јули ќе донесе неверојатно убава романтича приказна со личност која знае да ви возврати ва љубовта. Во август и септември ќе бидете во елемент и ќе експериментирате со задоволството. Во октомври ве очекуваат нови познанства, кои во ноември ќе прераснат во љубов. Декември ветува многу радост.
    Здравје
    Посветете се на духовното. Медитацијата може да биде одличен избор. Од почетокот на годината ќе бидете во период каде низ духовното и медитацијата ќе успеете конечно да пронајдете мир. Првата половина од оваа година е одлична за духовното здравје, но и за физичкото. Од јули почнете да внимавате на вашата исхрана доколку не сакате да се здебелите. Од март до јули може да го подобрите здравјето ако сте подготвени да се откажете од лошите навики. Оваа година ви овозможува одличен период за враќање на енергијата која на носите во себе.

  • ДЕВИЦА

    Работа
    Она што не вродило со плод на бизнис план, променете го. Дали пристапот или целата ситуација, но време е за промени на работното место. До мај ќе имате подршка од вашите пријатели, со кои ќе пронајдете ново решение. Можеби е време да се вратите на работи кои сте ги правеле во минатото, а во нив целосно се пронаоѓате.
    До средината на годината интересни се плановите кои вклучуваат одење во странство. Ако се пронаоѓате во оваа приказна, не се откажувајте. Оваа година ќе дојде до промени, а на работното место дадете го вашиот максимум. По годишниот одмор ви се отвара нова врата на среќата. Тогаш ќе дојдете до многу одговори и ќе реализирате големи планови.
    Љубов
    Јануари ќе започне бурно. А, доколку сеуште не сте се смириле со саканата личност, не се секирајте, до крајот на месецот и почетокот на февруари ќе дојде до враќање на љубовта. Во вашиот живот ќе се појави влијателна или зафатена личност во која ќе ја пронајдете подршката која ви е потребна. Познанството со млада или малдолика личност од дружење ќе прерасне во емотивна врска. Маркантна, црна личност може да ви побуди силни емоции, во овој случај препуштете му се на партнерот.
    Февруари носи љубов преку работното место. Во март ќе бидете социјално активни, а ќе ве освои романтична душа. Од март до јули можно е смирување со партнерот со кој одамна сте раскинале. Ова е период кога вашето минато ќе ви се навраќа. Со сосед или пријател од минатото ќе го обновите дружењето, а преку нив ќе го запознаете новиот партнер. Мај е одличен за оние кои излегле од долга врска или брак.
    Летната љубов ќе трае до јули. Летото ќе биде бурно за вас. Јули и август ќе ви овозможат познанство со иден брачен партнер. Можна е љубов со странец или љубов со личност која живее во странство. Во септември ќе дојдете во контакт со јавна личност, некој кој е многу популарен. Ноември ќе ви овозможи страсна врска, додека декември ќе ви донесе многу весела личност. Оваа година ќе бидете многу внимателни и пребирливи.
    Здравје
    Доколку успеете животот да го насочите кон работите кои ги сакате и кои ве опуштаат, до февруари ќе се ослободите од стравовите и несигурноста. Февруари и март ќе ви донесат подобра духовна состојба. Оваа година ќе бидете одговорни кон себе во секоја смисла, а најмногу кон своето здравје. Вистинско време е да се ослободите од лошите навики. Ќе ве прати добро здравје и расположение. Септемри и октомри се месеци кога треба да се посветите на спортските активности. Повеќе внимание на вашиот изглед ќе посветите во ноември и декември.

  • ВАГА

    Работа
    Оваа година ви носи движечка сила, но е еден смирен и трпелив начин. Главна тема на интересирање ќе ви бидат парите и сите видови трајни материјални добра. Таа одлучност кај стекнувањето е покрената од конкретни цели, дали купувате куќа, стана, вложувате во иднината или сакате се што можете да ставите на страна и да заштедите.
    Првата половина од годината особено ќе ви биде наклонета за напредување во кариерата, преминувањето во друга и подобра фирма, добивање на дого посакуваната работа, ако не сте вработени. Но, тука е и можноста за одење во странство, каде би заминале само поради работа.
    Додека втората половина од годината ви ги носи првите поволни резултати, сето она на што сте работеле во претходниот период. Тогаш ќе стекнете и нови познанства со влијателни луѓе, како и со странци.
    Оваа година е за успех на работно поле како и за стекнување на значајна финансиска стабилност.
    Љубов
    Во бракот, врската, па и при изборот на нов партнер, неопходно е повеќе да верувате во себе. Работете на вашата самодоверба, ако сакате оваа година да ви донесе убави љубовни остварувања. Особено брачните партнери треба да имат повеќе слух за спротивната страна и да изнаоѓаат прилагодливи решенија за сето тоа што го расипува нивниот однос.
    Добро би било, кога би успеале смиреноста и позитивната подвижна сила која ја имате во поглед на вашата кариера и парични остварувања, на некој начин да ја пренесете и во емотивните односи. Од вашата одлучност и желба за промени во односите, за време на јануари и добар дел до февруари, би можеле да ја вратите хармонијата во вашите односи, но и да остварите успешно смирување со веќе поранешниот партнер. Партнерот нема лесно да ви поверува, затоа не се откажувајте и одете кон зацртаната цел докажувајќи се.
    Новиот почеток е пред вас и тоа со личност со која постои разлика во годините, а веќе еднаш сте ја одбиле. Во февруари лесно би можеле да влезете во врска со зафатена личност, која се занимава со необична професија или сама по себе е необична. Во втората половина од февруари и во текот на март, е вистинско време за нов почеток. Се полесно ќе ви оди од претходно.
    Во април ќе биде актуелна љубовта преку работата, а во мај можно е многу припадници на овој знак да влезат во брак, или такво нешто да планираат. Јули и август ќе бидат одбележани со среќна љубов, а самото годишно време како лето ќе ви нуди и многу љубов и дружење. Септември и октомври исто така ќе бидат многу успешни, со тоа што најдобар контакт ќе остварите со стабилен и традиционален партнер. Во неомври ќе има многу љубомора, но и нагли влегувања во страствена врска. Во декември многумина ќе уживаат во складна љубов. Нешто ново и убаво доаѓа од странство.
    Здравје
    Главната задача оваа година ќе ви биде да работите на вашата самодоверва, да верувате во себе и да го елиминирате било кој облик на страв, несигурност… чуства кои би можеле повремено да се разбудат во вас. Ова е клучна работа за успешно функционирање и добро здравје. Исто така, се препорачува да водите сметка за својата исхрана. Постот на вас ќе делува благотоворно. Секако и здравата исхрана. Свртете се кон здравиот начин на живот и здравјето ќе ве служи многу подобро од претходните години. Март можеби ќе ви донесе настинка. додека во текот на летото се можни реакции на кожата. Едента укажува на чувствителни синуси. Главно годинава ќе ве следи добро здравје.


  • СКОРПИЈА

    Работа
    Во текот на целата година во вашето соѕвездите и понатаму ќе биде присутен Сатурн. Сето она го стекнавте претходната година и работевте на тоа трпеливо и одговорно, во оваа година ќе ви биде многу полесно. Не се плашете од Сатурн. Првата половина од годината ви е наклонета за сите прашања кои се поврзани со странство, образование и закон. На големо се подготвувате за поголеми цели и успешен живот, како и кариера. Среќата потполно ќе ви се придружи од средината на јули. Ова влијание ќе ве следи и поддржува и наредните година дева. Ова е време кое долго го чекавте, а носи големи промени кои ќе ве туркаат кон успехот, но и кон странство. Од себе извлечете ја најдобрата енергија и крајот на годината ќе го дочекате задоволно и успешно.
    Љубов
    Оваа година ќе ја паметите по романтиката, љубовта од сништа. Многумина од вас ќе размислуваат за втор брак. Љубовта со личноста која доаѓа од странство, често патува и живее во странство, исто така ветува убави остварувања. Ако веќе сте во таква врска, до мај овој однос би можеле да го доведете до совршенство. Секако, за да успеете во тоа, неопходно е да бидете позитивни и мудри во однос со партнерот, да преминете преку личната потреба за доминација. Позтои и значителен проблем со љубомората. Во јануари ќе ве мачи минатото. Се додека тоа не го решите немате лесно да прифаќате додворувања. Ако во тој период дојдете до успешно помирување, надевајте се на добро продолжение на приказната. Само не ги повторувајте старите грешки. Велгувањето во ново друштво позитивно ќе делува на вас во февруари. Во март многумина од вас ќе размислуваат за заеднички живот, а многумина ќе го започнат. Втората половина од март и април ќе бидете емотивно обземени. Ќе имате повеќе додворувања, излегувања и нова љубов. Неочекуваното и брзо влегување во врска, која на вас ќе длува стимулативно, ќе го одбележи месец мај. Подобрувањето во односите брак или врска, очекувајте во јули. Можна е и венчавка. Јули ќе ви биде и многу бурен. Можни се двојни врски. Љубов на годишен одмор или странство, тоа ќе биде актуелно во август. Додека септември најавува стабилна врска преку работата која ја имате. Октомври главно носи тајни врски, без оглед дали сте зафатени или не. Големи остварувања ве очекуваат во ноември, а вистинскиот препород и среќа ќе почуствувате во декември. До важни промени може да дојде од јуни до ноември.
    Здравје
    Ова е одлична година за духовен развој. Ќе дознаете што би требало да смените во вашиот живот, за да бидете успешни и задоволни. Научете на стрплив и мудар начин да го гледате животот и сите случувања во него. Ако успеете во ова, ќе доживеете вистински препород. За време на овие промени, до јули би можеле да имате немирни сништа, па и несоница. Голема енергија ќе чувствувате во втората оловина од годината. Тогаш ќе бидете подготвени за големи потфати во секоја смисла. Повеќе ќе обрнувате внимание на своето здравје, ќе го корегирате начинот на исхрана, ќе тежнеете кон складен живот. Духовниот мир кој ќе го постигнете поволно ќе влијае на вашето физичко здравје.

  • СТРЕЛЕЦ

    Работа
    До јули успешно ќе се борите со сите препреки и проблеми, непријатели… Овој период ви носи подобра финансиска ситуација. Многумина ќе дојдат до наследство, добри позајмици. Ако имате партнер, од него би можеле да имате финансиска поддршка, како и скапоцени подароци. Вториот дел од годината најдобрите решенија ќе ги добиете од било кој контакст со странсво и странци. Тогаш ќе ви се отвори можноста да заминете во странство. Секако, ќе имате патувања. Планот за живот и работа во странство е реален и остварлив. До март би можеле да се вработите. Ова прашање актуелно е во јуни и септември. Во октомври ќе имате пријатели кои ќе ви дадат поддршка на професионален план. Додека во декември би можеле да блескате.
    Љубов
    Оваа година ја започнувате весело, со многу оптимизам и убави очекувања. Не ве изневерува интуицијата, бидете сиурно. Во вашиот живот најважна е внатрешната радост која природно ја носите во себе. До март ќе бидете многу активно во дружењето, излегувањата, кои можат да бидат и на сосема нови места за забава, поинакви од оние на кои сте навикнале. Сите видови на прослави и поголеми собиранки и тоа како ќе бидат интересни за вас. Во овој период, лесно би можеле да дојдете во контакт со личности од минатот. Ако се работи за поранешна љубов, може и да дојде до обновување на врската. Ќе бидете на вистински тест и ќе додјете до конечен одговор, дали и понатаму го сакате овој контакт. Ќе имате уште можности за смирување со старата љубов, но и со оние кои само то се раскинати. За овие случувања наклонет период ви е од март до јуни. Во април ќе сакате уште повеќе да се забавувате и тоа во друштво на успешни луѓе. Дали ќе ве освои некоја позната личност, некој кој е впечатлив, а можеби и зафатен… Мај ќе биде посебн за вас. Тогаш Венера влегува во вашето астролошко поле на љубов и носи поголеми и лесни остварувања на љубовен план. Ќе делувате примамливо за спротивниот пол и ќе уживате во многу додворувања. Во јуни би можеле да се свртите кон стабилните партнери, кои се одмерени и знаат да уживаат. Знаејќи ја вашата силна движечка енергија, ова чуство нема долго да ве држи. Веќе во јули ќе бидете подготвени за љубовни авантури и лесни промени на партнерите. Многумина би можеле да се впуштат и во дупла врска. август ќе го паметите по романтични врск на море или во близина на вода. Врските кои ќе продолжат, лесно би можеле да ве одведат во заеднички живот. Септември и откомври ви носи лесни чувства и се поголема врзаност со партнерот. Големо љубовно задоволство ви носи декември.
    Здравје
    Во јануари и февруари би требало да обрнете внимание на апетитот. Многу брзо би можеле да дојдете во ситуација во која не би можеле да ја облечете вашата гардероба. Во март ќе бидете склони на алергиски реакции. Додека во април ќе ви биде чувствителна главата и органите на главата. Мај е одличен за диета. летото особено ќе ви одговара и тогаш не би требало да имате поголеми здравствени проблеми. Ќе ве следи добро расположение и здравје. Во септември би можеле да почуствуате стомачни тегоби. Ако имате проблем со забите, не избегнувајте одење на забар. Кожата ќе ви биде чуствителна во октомври. Силна движечка енергија ќе чувствувате во ноември. Дќеври ќе ви биде пријатно наклонет. Ќе ви пријаат спортски активности.

  • ЈАРЕЦ

    Работа
    Самиот почеток на годината ќе ви започне бурно. Сите контакти кои ќе ги остварите до мај и тоа како поволно ќе влијаат на вашата кариера. Со тоа што во февруари ќе мора добро да размислите пред да донесете важни одлуки. Во текот на оваа година ќе имате уште два периоди во кои би требало да бидете внимателни при одлуките и потпишувањето на важни договори. Тоа ќе се случува во јуни и октомври. Јули и октомври ќе ви овозможат и промена на работното место. Се тоа што ќе ви се овозможи во октомври, ќе морате да почекате за да го реализирате. Тогаш не би се препорачуват донесување на брзи одлуки, сепак почекајте го ноември. Во ноември ќе имате одлична поддршка од две успешни личности кои ќе ви ја дадат поддршката во сето она што во тој период ќе го решавате до крајот на годината.
    Љубов
    Во оваа година влегувате со Венера во вашето соѕвездите. Таа ќе биде таму во јануари, февруари и до прварата недела од март. Во јануери ќе биде актуелно минатото во секоја смисла. Дали конечно ќе ставите точка на стара љубов или ќе дојдете до конечно помирување, зависи само од вас и вашите желби. Сосема е возможно старата љубов да отиде во заборав, затоа што во вашиот живот се појавува личност од минатото која би ви донела емотивен мир и задоволство. Значајни љубовни движења има во февруари кога би можеле да наидете на партнер со кој сте компатибилен. До август, многу припадници на овој знак ќе влезат во заеднички живот. Доколку успешно ја обновите старата врска, веќе од мај до август доаша до брак. Во март се остварливи врски со пријатели или преку нив. Парувања во април, како и ново друштво во кое влегувате, ви овозможува една исклучиво романтична врска. спортист или личност во униформа би можело да ви ко привлече вниманието во мај. Ако врската продолжи и следниот месец, со многу оптимизап ја продолжувате оваа љубовна приказна. Врските кои во било која смисла се нескладни, би можеле да се стабилизираат во јуни. Во тоа ќе успеете доколку го промените својот начин на комуникација со партнерот. Обрнувајте повеќе внимание на пораките кои ви ги праќа. Во спротивно, лесно би можеле да се заинтересирате за некој друг. Сепак, не брзајте со одлуката, затоа што би можеле многу брзо да зажалите. До ноември ќе бидете во еден среќен период кој ќе ви носи многу додворувања, нови љубови, но и складни односи во врската или брак. Љубов со личности од странство, како и тајни врски ќе бидат нагласено во декември.
    Здравје
    Во почетокот на годината можно е да ви се зголеми апетитот. И тоа како сте склони кон дебелеење во јануари, февруари и март. Покрај тоа, склони сте и на сите видови задоволство и уживање. Бидете умерени за да не дојде до преголем замор. Во се би требало да имате мерка. Ќе бидете склони на вируси во февруари, јуни и октомври. Од вагуст, па до крајот на годината, ќе ви биде овозможено опоравување, доколку имате било какви здравствени проблеми. Ако веќе ги немате, работете на имунитетот. Ова е година кога ќе бидете одговорни кој својот организам, особено од пролет до крајот на годината. Тогаш ќе биде одличен период за оставање на лошите навики и тоа засекогаш.

  • ВОДОЛИЈА

    Работа
    Најдобро ви е поставено полето со професионални активности. Оваа година влегувате со одлични можности. Доколку работите на поголеми професионални промени кои веќе сте ги започнале, осмислиле, среќата ќе ве следи до мај. Исто така, доколку барате работа, секоја средба со личности од минатото би можеле да ви овозможат враќање на работата која ја сакате или до конечно запослување. Како и да е, на вас е максимално да се ангажирате до август. До промени и запослување лесно ќе дојдете преку фирма која се занимава со образование, закон или имаат контакт со странци, странски фирми… И ноември би можел да донесе добри решенија и убави промени. Ако сте во работен однос, а сеуште не сте добиле трајно решение, очекувајте го најдоцна во ноември.
    Љубов
    Јануари најмногу укажува на тајни врски и врски со партнери кои не живеат во вашето место на живеење. Ако влезете во тајна врска на почетокот на годината, а вие и партнерот не сте зафатени, веќе во февруари вашата љубов ќе биде јавна. Сепак, јануари и февруари носат важни љубовни остварувања. Моменталниот партнер ќе го доживувате сосема поинаку, а се повеќе и повеќе ќе се врзувате на еден поинаков начин. Во текот на годината ќе имате три периоди кои ќе ви овозможат помирувања и враќање на старата љубов. Влијанието започнува во февруари, јуни и октомври. Во тој период лесно би биле возможни туѓи плеткања во вашата стабилна врска или брак. Не верувајте во се што ќе слушнете, вистината брзо ќе исплива на виделина. Март е наклонет за љубов. Тоа се нови врски со луѓе кои се посебни во секоја смисла и поинакви. Април овозможува романтични врски. Движечка енергија ќе ве следи во мај, кога нема да се откажете од својата цел, од одредена личност. Во јуни бидете внимателни ако сте во двојна или тајна врска. јули е вистинскиот месец за љубовни остварувања. Тогаш пред себе ќе имате оголема можност за влегување во нова врска. може да се доведете и во ситуација да бирате меѓу две личности. Од август ви започнува еден одличен период кој ќе ве следи во текот на следната година дена. Во тој период ќе го запознаете вашиот иден брачен партнер или ќе влезете во брак. Септември повеќе е наклонет за оние кои се излезени од долга врска или брак. Љубовта со партнер од странство може да започне во октомври. На самиот почето би можело да има отежната комуникација и договори, но се успешно ќе започне од ноември. Декември носи романтични приказни на работа или преку работата со која се занимавате.
    Здравје
    До август одлично сте поддржани на астролошкото поле здравје. Доколку веќе сте имале некои здравствени проблеми, ќе дојде до конечно опоравување. Сепак, до мај ви се препорачува контроли кај лекар, за вашето здравје да го доведете до долготрајна стабилност, виталност… Меѓутоа целата оваа година ќе биде присутно едно влијание, кое наговестува дека би можело да дојде до одредени стравови и психичка слабост. Се е на вас. Работете на вашата самодоверба,верувајте повеќе во себе… за овие неповолни влијание најлесно да ги пребродите. Како ќе размислувате, така и ќе се чувствувате. Оптимистички гледајте на се онаш што се случува околу вас. Со малку труд, ќе успеете во ова. Не дозволувајте да ве совлада негативната енергија.


  • РИБИ

    Работа
    Од почетокот на годината би требало да започнете да размислувате што би ве усреќило на професионален план и на кој начин успешно би си ја извршувале работтата. Работата во која најдобро се познавате, која би сакале да ја работите, во вас би ја „открила“ способноста за која не сте ни свесни дека ја поседувате. Сето она што укажува на убавина, талент и задоволство, сосема е остварливо до средината на годината. Дури и одењето во странство, би можело да донесат интересни решенија за вас. Веќе во втората половина од годината, позитивно ќе ви се придвижи работното астролшко поле. Влијанието ќе ве поддржува и во наредните година дена. Ова е време за остварување и на работен успех. Лесно ќе дојдете до вработување, но во овој период и странство би можело да ви донесе големи позитивни промени.
    Љубов
    Оваа година ја започнувате со Јупитер во вашето астролошко поле на љубовта. Со самото тоа, оваа година ќе биде посебна и ќе ви донесе многу и убави љубовни остварувања. Ова влијание ќе ве следи до август. Тогаш ќе ви се овозможи да го запознаете вашиот иден брачен партнер. Лесно отколку претходно ќе доаѓате во контакт со спротивниот пол на овој начин ќе бидете среќни и во посебни врски со партнери од странство, или љубов на некое ваше патување. Лесно би можело да дојде и до бременост. Па, ако не планирате нешто такво, ви препорауваме заштита. Од почетокот на годината, па до мај, ќе промените некои мерила во љубовниот живот. Повеќе сте свтени кон весели партнер, кои знаат да примат емоции, но и адекватно да возвратите. Во овој период ќе дојдете и до конечен одговор во врска со поранешната љубов. Со малку труд и промена во вашиот однос, може да воспоставите хармонична љубов. Љубовниот сон ќе ви биде максимално оствварен, ако знаете да изберете адекватен партнер за себе. Преку пријатели и ново друштво, лесно се започнуваат нови врски. Ќе има различни случувања. Брзо влегување во врска која ќе ве освои, но побрзо и ќе ве разочара. И тајната љубов ќе виде активирана. Некои тајни врски ќе имаат голема можност. Ќе започнат и приказни за влегување во заеднички живот, додека бременост би можела да забрза некои венчавки. Март, јули и август, зборуваат за почеток на важни врски за вас. Септември носи љубов на работа. Вториот дел од годината, главно укажува на убави љубовни приказни кои започнуваат со пружање помош на личности на кои тоа им е потребно, но и преку работата со која се занимавате.
    Здравје
    Во оваа година влегувате со силна желба да уживате во убавините кои ги носи животот. Се е тоа следствено на вас, но имајте мерка. Секое претерување, особено со пороците, ќе ви донесе комплетна промена во вашиот живот и тоа со вртоглава брзина. Затоа во моментите на уживање и убав живот одете само до границата до која можете да владеете со себе и ситуацијата. Инаку, втората половина од годината ви е наклонета за здравје. До крајот на годината ви е овозможено својот живот и здравје да го доведете во посакуваниот ред. Тогаш ви е овозможено сите здравствени тегоби кои веќе траат, да ги регулирате и да се опоравите. Цела година би требало добро да се чувствувате, ако во се имате мерка.

 


 



 
Видео
 
  • Брада од пчели
  • Сека Алексиќ
  • Се запали
  • Четка за заби
  • Чизбургер
  • Скокање
  • Лаура Паузини
  • Мартин Фин
  • Сечење лубеница
  • Моќта на шминката
  • Диплење маица
  • Куче се онесвести од среќа
  • Морган и Џими
  • Русинка пајак
  • Секс и град