Хрватска го победи Египет, познати сите четврт-финални двојки

Хрватска го победи Египет, познати сите четврт-финални двојки

0
СПОДЕЛИ

Репрезентацијата на Хрватска синоќа го совлада Египет со 21:19 во последното осминафинале на Светското ракометно првенство што се одржува во Франција.

Иако крајниот резултат е само два гола разлика за хрватите, тие во текот на целиот меч имаа контрола над резултатот, полувремето го завршија со 13:7, во второто најчесто имаа плус четири и со рутинирана играа го привршија натпреварот во своја корист.

За утре на Мундијалот се закажани четвртфиналните мечеви.

Двојките се:

Норвешка – Унгарија (17 часот),
Франција Шведска (19 ч.),
Словенија – Катар (20:45 ч.) и
Шпанија – Хрватска (20:45 ч.).

ракомет

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР