Интервју Даниел Кајмаковски: Знам дека славата може да ми удри во глава

Интервју Даниел Кајмаковски: Знам дека славата може да ми удри во глава

2745
0
СПОДЕЛИ

Кога во март минатата година стана победник на регионалниот музички натпревар „Икс Фактор“, на Даниел Кајмаковски му се оствари сонот за кој имаше надеж, но и вложи голем труд.

Тој за српскиот магазин Hello.rs, открива какви промени му се случиле во животот оттогаш, што го охрабрувало и дали има моменти за кои се кае.

Додека ги прави плановите за својот прв албум, кој го најавува со песната „Деценија“, талентираниот Даниел истакнува дека соработката со Александра Милутиновиќ, Дарко Димитров и Огнен Неделковски, придонела за остварување на неговите музички желби.

Во интимна исповед за својата голема љубов, 30 гогишниот музичар зборува за промените во животот, моменталниот емотивен статус и дека сака да стане татко.

На почетокот од разговорот тој вели:

-Ова е најдобриот период во мојот живот, турбулентен, успешен и пред се прекрасен.

kajmakovski hitportal 2

После победата признавте дека учеството во „Икс Фактор“ е најголемиот ризик кој сте го преземале во животот. Што ризикувавте?

-Пред пет години одлучив комплетно да престанам да се занимавам со музика и да се посветам на работата во градежништвото. Работев и без прилично успешен. Имав добра плата, автомобил, стан, но и голема одговорност.Стекнав сигурност и бев подготвен да најдам девојка, да стапам во брак и да добијам деца. Пред аудицијата на „Икс Фактор“ целото тоа го ставив на една карта, онаа до Белград.

Дали во некој момент се посомневавте во својата одлука?

-Кога заминав за Белград си реков себе си „Одам таму за да победам“. Мајка ми рече: „Сине, знаеш дека многу ризикуваш, сконцентрирај се и дај се од себе“. Тогаш и ветив дека се ќе биде во ред, а победата ми беше во фокус.

Годинешната Евровизија не ги исполни очекувањата на македонската публика. Какви се вашите впечатоци?

-Јас сум личност која кога работи тоа го прави до максимум. Тоа на Евровизија не беше потполно од повеќе причини, пред се од организација, за што сега и не би зборувал многу. Таа музичка манифестација е многу сериозна, и таму се оди со сериозна подготвка. Не зависи се само од вас. Тоа е тимска работа и скапа продукција, но учеството беше големо искуство и задоволство за мене. Сега знам што е потребно.

Што сега би направиле поинаку?

-Би тргнал од песната, би избрал нешто поинакво, а и сценскиот настап ќе беше поинаков. Знам дека не го искористив целиот мој потенцијал и би сакал макар за дест години, повторно да се вратам на тој натпревар, подобар, посилен и да покажам што навистина умеам.

Ви годи ли популарноста?

-Ми годни, но не ми е приоритет. Знам дека славата може да ми удри во глава, бидејќи многу пати во животот паѓав и станував, но најважно е што повторно сум на нозе. Не сакам премногу да се експонирам во јавност, не излегувам често, така што кога излегувам на улица и ме препознаваат, не ми претставува проблем.

kajmakovski hitportal

Вашата нова песна „Деценија“ е љубовна приказна. Има ли автобиографски моменти?

-Оваа песна е мојата најинтимна приказна за која никогаш не сум зборувал. Александра Милутиновиќ напиша текст кој ме погоди до срж. Локацијата во спотот, кој е сннимен во Охрид, е местото на кое јас некогаш уживав со мојата поранешна девојка. Бродот кој го возевме, плажата на која одевме, патот кој го минувавме, тоа беа нашите места. Таа беше мојата прва голема љубов и таа врска е голема трага во мојот живот.

Кој емотивен удар најтешко го прифативте?

-Најтешко го примив тоа што јас и таа вложивме многу време во врската која не опстои. Таа не разбираше дека мојот сон е да се занимавам со музика, а јас тоа го сакав. Едноставно, за неа тоа беше несигурност. Мислам дека тоа не раздели. Се разделивме кога имав 25 години. Со неа замислував семејство и сакав да бидам татко на нашите деца. Ми беше тешко да се помирам дека не сме заедно, но сватив дека така требало да биде и дека тоа е најдобро за двајцата. Колку што знам, таа сега е среќно мажена, стана мајка, а јас добро се носам со тоа.

Какви сте кога ќе се заљубите?

-Целосно губам контрола и не личам на себе. Сите мои мачо ставови паѓаат во вода. Додека тоа не се случи, се е под контрола, но девојката во која ќе се заљубам може од маж да ме направи дете.

daniel kajmakovovski hitportal

Каков е вашиот емотивен статус, ви се додворуваат ли обожавателки?

-Би се вратил на момент кога мајка ми ме испрати за Белград. Таа зне дека во животот девојките ме деконцентрирале и тогаш се плашеше, па ми рече помалку да се посветувам на девојките, а јас тоа сериозно го сфатив. Кога дојдов во Белград се раѓаа симпатии, имаше заинтересирани девојки за сериозно, но јас решив да се посветам на музиката. Не сакам да градам имиџ на дечко што често ги менува девојките. Кога ќе ја најдам вистинската, не сакам да го носи товарот од пораншните.

Кој тип на девојки може да го привлече вашето внимание?

-Таа што не сака да привлекува внимание. Природна,спонтана, искрена и да умее да ужива во животот. Да не е материјалист, да не и е важно каде е, туку да биде со мене. Секако дека ми е важно, да ме почитува според она што сум, но од друга страна и да ја разбере мојата работа. Клучната работа е довербата, па ако во спот глумам со друга девојка , да разбере дека и тоа е дел од мојата работа. Не ме привлекуваат девојките од странство, туку оние од наши простори.

Колку годините за вас се ограничувачки фактор?

-Кога бев млад, ме привлекуваа постари жени. Не многу стари, но ми годеше нивниот ментален склоп. Сега кога јас сум позрел, тоа се менува. На овие години сега ме привлекуваат помлади девојки и во иднина се замислувам како зрел маж со млада девојка. Не мислам дека годините го одредуваат квалитетот на љубовта и врската, туку емоциите кои ве врзуваат.

Спомнавте дека ви е желба да станете татко

-Така е, и мене тоа ме мачи, зашто времето минува, а на тоа поле нипто не се менува. Жал ми е што се уште не станав татко, но не сакам дека по секоја цена. Се има свое време и верувам дека ќе се слуќи кога ќе треба, затоа сум трпелив. Важно е за тоа да ја имам вистинската партнерка, која ќе биде подготвена максимално да се посвети на децата.

Дали сте подготвени некое време поради успех и работа да се откажете од сонот за семејство?

Подобро би минувал помалку вереме со децата отколку да се откажам од потомство заради кариера.Не сакам некој погрешно да ме разбере, би се трудел да бидам најдобар татко на светот, но би ја извршувал и работата што ја сакам и што ќе ни обезбеди убав живот. Навистина би сакал тоа да се случи што порано.

kajmak hitportal

Превземено од Hello.rs

Автор:Деана Ѓукиќ

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР