Интервју со Деан Мицковски диџејот кој ја освои клубската сцена во Њујорк

Интервју со Деан Мицковски диџејот кој ја освои клубската сцена во Њујорк

116
0
SHARE

Дејан Мицкоски ака Dj Dee е македонски диџеј кој со години работи во Њујорк.

За време на престојот во Македонија ние успеавме да го „фатиме“ за да ни одговори на нашите прашања поврзани со неговата работа.

Еве што изјави Dj Dee за Хит Портал.

1. Ти си македонски диџеј кој полека ги освојува ноќните клубови во Њујорк, но и пошироко. Која е твојата приказна?

По професија сум хотел менаџер, но музиката никогаш не ја запоставив па морам да кажам дека од хоби ми прерасна во професија.

Досега имам настапувано во многу клубови во Њујорк, а некогаш се случува дури и 5 пати во неделата да пуштам музика на различни места.

Имам настапувано со многу познати светски диџеи, а потпишав договори со New York City Prive, World Fashion Channel TV, New York Night Life Empire.

Цел овој тим на промотери и промотерски куќи ми овозможуваат секој викенд да имам ангажмани. Освен по клубови во Њујорк пуштам музика и на приватни и модни забави како и многу други настани.

2. Актуелен си со твојот нов албум. Каде може да се набави, да се преслуша?

Мојот најнов албум е насловен како „Tech Phenomenon“ и е еден од најдобро рангираните албуми, а беше прогласен за „The best house history music“ за 2013 година во Њујорк.

За албумот пишуваа многу весници и музички сајтови како во Америка така и во Англија, а главни виновници за тоа се Substream records од Шведска.

Албумот може да се набави по цена од 12 долари на iTunes, Beatport, Juno Records-London, Dj tunes.

3. Имаш издадено и посебни траки, за странски CD компилации. Во кои држави?

Многу мои траки се најдоа на светски познати компилации како што се Just Before the Sunrise – Majami 2013, Mijami 2012, Ibiza de Luxe 2012, The Best of Spain 2011, Deep House 2013, Essential Tech House 2013, Esential Tech House 2012.

Сите овие албуми или музички компилации се издадени од светски познати диџеи.

Инаку досега имам издадено траки за познати продуцентски куќи во Данска, Германија, Англија, Шведска, Австралија, Италија, Америка и многу други земји.

4. Кој правец на музика го создаваш? Што слуша Дејан приватно?

Засега сум заинтересиран за deep tech house или tech house, тоа е она што јас го создавам и морам да се пофалам дека добро ми оди. Патем слушам секаков вид на музика.

5. Пред неколку месеци имаше соработка со Викторија Лоба, но тоа е поразлично од она што го работиш. Нешто повеќе за таа соработка?

Со Викторија Лоба направивме една многу добра трака која се вика „Harmony“, а истата се работеше во студиото на Дарко Димитров. Голема благодарност и до Оливер Димитров кој беше инволвиран да направиме добро музичко парче.

Оваа соработка за мене беше голем предизик и тест да направам house трака која Лоба ја испеа одлично. Соработката беше наменета да биде радиски хит, па мислам дека малку „избегав“ од она што јас го продуцирам.

6. Дали освен со Лоба може да очекуваме некоја нова соработка со македонските изведувачи?

Во моментов работиме со Пере Нокаут, нешто што ќе биде во funky house стил што мислам дека ќе го задоволи вкусот на нивниот жарн на музика, а ќе ја задоволи и македонската публика.

7. Која елитна журка ја вбројуваш помеѓу твоите омилени?

Омилена ми е модната недела во Њујорк која започнува во септември, па секој ден има промоција на светски познати дизајнери, а со тоа се случуваат и модни забави од кој сум дел. Таквите забави со познати светски фаци се многу важни, но ете оваа година ќе мора да ги пропуштам поради тоа што сум во Македонија.

Јас јавно му се извинив на мојот менаџер Францис Мерсиер поради тоа што не сум во Њујкорк овој период.

Во моментов семејството ми е на прво место и сакам да сум заедно со мојте најблиски, но наскоро ќе има многу настани па ќе им се одолжам на моите менаџери во Њујорк.

Во продолжение преслушајте дел од неговите миксови:

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY