Каролина Гочева: Модните експерименти би направиле да го изгубам сопственото јас

Каролина Гочева: Модните експерименти би направиле да го изгубам сопственото јас

0
СПОДЕЛИ

Преку проектот „Македонско девојче“ публиката имаше можност да ја запознае во едно сосема поинакво светло.

Урбаната и тренди девојка со ултра популарни поп песни пред пет години музички се насочи кон македонските музички корени и сите ги обзема со нејзините „чалгиски“,  што беа како создадени за љубов со чаша вино доцна во ноќта.

Во неверојатно пријатниот разговор за fashionel.mk, Каролина Гочева ги откри нејзините тајни, за тоа како се подготвува за петте концерти во претстојниот, љубовен месец февруари, во просториите на МОБ, а раскажа и дека не е склона кон промени во стилот, зашто си се допаѓа онаква каква што е и посочи дека уште еднаш, парчињата за концертите и ги доверува на нејзината долгогодишна пријателка Цаци Паковска.

Вели, во последно време ги обожува шеширите па успеала да си купи дури осум! Дизајнерските чевли ги носи најмногу на настапите, но сепак сака да си ги гледа по дома.

За ова и уште многу други интересни одговори, прочитајте го целосното интервју на fashionel.mk.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР