Изложба и матине на тема „Големиот Гетсби“ во МСУ

Изложба и матине на тема „Големиот Гетсби“ во МСУ

73
0
СПОДЕЛИ

Во сабота на 24 декември, во Музејот на современа уметност ќе биде отворена нова галерија, со поставката насловена „Кон новите пунктови“.

Музејот со оваа изложба и саботно матине ќе ја одбележи 2016 година, во која имаше голем број на успешни изложби на дела од светски реномирани уметници.

На „Кон нови пунктови“ ќе бидат изложени дела од Пабло Пикасо, Франтишек Музика, Виктор Вазарели, Ханс Хартунг, Пјер Сулаж и многу други светски и наши автори.

Големиот Гетсби

Темата на матинето е „Големиот Гетсби“, бидејќи „Гетсби верувал во зелената светлост, во иднина која опива, која од година во година се лизга пред нас“.

„Го одбравме „Големиот Гетсби“, за во негов дух да ја испратиме 2016 -та и да веруваме дека 2017 ќе ни се покаже во најубаво светло“, пишуваат организаторите.

Покрај вкусните вина и топлите чаеви, на „менито“ се понудени и диџеј сетовите на Бојан Чакра, Игор Спироски и Владимир Лазороски.

Големиот Гетсби

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР