Како заврши денешниот судски спор меѓу Елена и Боки 13?

Како заврши денешниот судски спор меѓу Елена и Боки 13?

150
0
СПОДЕЛИ

Во основниот суд Скопје 2 денеска се одржа уште едно рочиште од тужбата која заедно, Елена Ристеска и Дарко Димитровски ја поднесоа против Боки 13.

Судскиот процес започна уште пред неколку години, а Елена ја поднесе тужбата поради клевета, односно поради  изјавата од пред неколку години дека таа икомпозиторот Дарко Димитров се во врска.

Денеска пред судот во Скопје се појави Боки во присуство на неговата мајка и адвокат, скоцкан од глава до пети и видно расположен.

Откако е во медиумска илегала тој не дава никакви изјави за медиумите. Тој сепак проговори кратко на прашањето на „Екстра Ексклузив“ што очекува денеска:

„Па да добијат чоколадна бананица од мене“.

На рочиштето тужителите не се појавија. Елена и нејзиниот сопруг само поминале со автомобил пред судот, но не застанале. Присутен бил само нивниот адвокат.

Камерите во судницата биле забранети, но атмосферата била опуштена. Боки му се пожалил на судијата дека не сака повеќе да се свикуваат рочишта без присуство на Елена, затоа што само тој доаѓал и веќе не му било интересно.

Судскиот спор .

Судскиот спор, кој траеше речиси четири години заврши во корист на Елена и Дарко.

Тој се раздвојува бидејќи веќе е пресудено во претходна постапка во која Боки платил глоба од 24 илјади денари.

Не долго потоа, Боки 13 на неговиот Фејсбук профил проговори за денешното рочиште, но и постираше фотографиија од него направена пред судот.

Еве што тој напиша на Фејсбук

Видео: Судењето на Елена и Боки, прилог на „Екстра Ексклузив“

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР