Home ИНТЕРВЈУ Каролина Гочева открива како ја одржува витката фигура

Каролина Гочева открива како ја одржува витката фигура

1483
0
SHARE

Нашата популарна пејачка Каролина Гочева е една од најзгодните пејачки на естрадата со манекенска става.

Таа за српскиот портал убавина и здравје.рс ги откри триковите кои ги применува во секојдневието за одржување на линијата.

Во продолжение имате можност да прочитате како се храни Каролина, која храна ја избегнува, а на која не може да одолее.

Дознајте ги нејзините принципи у уверете се дека нејзината линија не е резултат на строги дитети.

karolina hitportal 2

Кога сум гладна јадам

За тежината воопшто не размислува, бидејќи никогаш не ми претставувала проблем. Верувам дека таа заслуга најмногу им припаѓа на гените, зашто во моето семејство ниеден нема вишок килограми. Важно е што го наслушувам својот организам и ги почитувам неговите „директиви“. Во последните десет години воопшто не добив килограми повеќе, но се случуваше да ослабам два до три килограми. За разлика од повеќето, не се дебелеам ниту за време на новогодишните празници.

Време за конкретен режим

Еднаш моја другарка се обрати кај нутриционист зошто сакаше да ослабе. Отидов со неа за да и правам друштво, па си реков кога и јас сум тука, можам да се посоветувам што ми одговара, а што не. Ми направија режим на исхрана чија цел секако не беше намалување килограми. Следните три-четири години се хранев здраво, јадев многу овошје и зеленчук, пиев многу вода и се откажав од чипс.

karolina hitportal

Благо

не сакам премногу и јадам само неколку пати месечно, но сепак чипс и сите други грицки ги обожавам. Меѓутоа, кога тежината ви е постојано иста, без оглед на тоа како се храните, во едно време ви досадува да водите сметка што да јадете, а што не. Можам да кажам дека во тој период се чувствував подобро, но станува збор за нијанси кои не ми претставуваат мотив да се откажам од било што. Кога се одлучив за таков режим, се трудев да задржам барем некоја навика, а една од нив беше со ручекот да јадам овошје, но набрзо и од тоа се откажав. Најмудро е да го слушате својот организам, тој знае најдобро што му треба.

Умереноста е најважна

Пред неколку месеци, сепак направив некои промени во исхраната. Не исфрлив многу работи, туку решив да не јадам често пица, а чипс да си дозволам само два-ти пати месечно. Меѓутоа, морам да се сложам со оние кои тврдат дека меѓу здравата и вкусна храна не стои знакот на еднаквост. Се подразбира дека луѓето кои имаат проблем со здравјето или вишокот килограми не треба лежерно да се однесуваат кон исхраната. Но, уште еднаш и се враќам на умереноста, која според мене е најважна.

Вежбањето ќе го сватам сериозно

Мноите краткорочни планови за вежбање беа од типот на „од понеделник ќе почнам да вежбам“, а најпосле почнав да го правам тоа. Си ветив дека вежбањето ќе го сватам сериозно и ќе го држам тој став. Тренинзите секојаш ми се претпладне, а кога доаѓа зима, најдобро ми е до четири да се повлечам дома, да ја пуштам омилената серија и до следниот ден да не излегувам.

hit-portal-karolina

kerol hitportal

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here