Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Кевин Спејси избришан од новиот филм на Ридли Скот: Ова е актерот...

Кевин Спејси избришан од новиот филм на Ридли Скот: Ова е актерот кој го замени (фото)

831
0
SHARE

Скандалот со секуална злоупотреба во кој „главната улога“ ја има Кевин Спејси, го чини кариера.

Откако Нетфликс ја забрани серијата „House of Cards“, а академијата на Еми наградите му го одзема признанието, следно сцените со Кевин Спејси ќе бидат исечени од новиот филм на Ридли Скот, „All the Money in the World“.

Сцените ќе бидат исечени и повторно ќе бидат снимени и монтирани со актерот Кристофер Пламер, потврди синоќа Сајмон Холс, задолжен за промоција на филмот.

Пламер веќе почнал со снимање на сцените. Се очекува дека и другите две ѕвезди во филмот, Марк Валбег и Мишел Вилијамс, ќе учествуваат во преснимувањето на сцените.

Филмот требаше да има светска премиера на фестивал на 16 ноември, но таа е презакажана за во декември.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here