Home СПОРТ Ракомет Кире Лазаров: Се договоривме денешната победа да ја одработиме за големиот Наумче

Кире Лазаров: Се договоривме денешната победа да ја одработиме за големиот Наумче

152
0
SHARE

Ракометната репрезентација се враќа со неуспех од Полска, а по денешната победа против Чиле, капитенот Кире Лазаров, даде свое детално видување и импресии за тоа што се случуваше во Гдањск деновиве.

„Се уште не е преживеано тоа од вчера, секоја победа ги залекува раните колку толку. Денес се договоривме да одиграме добар натпревар, да извојуваме победа, без разлика што не успеавме да оствариме пласман на ОИ, решивме да извојуваме победа за еден голем играч, за Наумче Мојовски. Момците дадоа се од себе, за да го испратиме на достоинствен начин со победа, иако можеше да биде подобро. Навистина жалам за еден таков играч, една таква личност, кој многу допринел за Македонија и многу го потел дресот, одлучува да замине во еден така тежок период за македонската јавност“.

„Тоа е спортот, треба да се гледа напред, денес нашите млади ракометари ги залечија раните со пласманот на ЕП во Данска, тоа значи дека Македонија има иднина во ракометот. За разлика од нас, тие деца играат попрофесионално, тренираат по посветено и пофокусирани, имаат многу подобри услови, и не смеат поради овој неуспех, да бидат запоставени во државата“.

„Денес имавме еден пријатен разговор, што не се случило до сега, кажаа сите што се случувало, јасно ни беше каде згрешивме, верувавме дека ќе се пласираме, убаво е во спортот да веруваш но ете, се случи тоа што се случи…..

Повеќе на www.sportmax.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here