Home КУЛТУРА Настани Концерт „Виолината на Алина“ на Македонската филхармонија

Концерт „Виолината на Алина“ на Македонската филхармонија

53
0
SHARE

Македонската филхармонија вечер во Домот на АРМ ќе одржи концерт насловен „Виолината на Алина“ на кој како солист ќе се претстави виолинистичката ѕвезда Алина Ибрагимова од Русија, под водство на диригентот Емил Табаков од Бугарија.

Ќе бидат изведени „Волшебното езеро“ од Анатолиј Љадов, Концертот за виолина и оркестар бр.1 од Макс Брух, како и Симфонијата бр.4 „Италијанска“ од Феликс Менделсон.

Македонската филхармонија ќе ја изведе и симфониската поема „Волшебното езеро“ од рускиот композитор Анатолиј Константинович Љадов (1855-1914), во која авторот покажал исклучителен талент за оркестарски колорит, како и „Италијанска“ симфонија од германскиот композитор, пијанист и диригент Феликс Менделсон (1809-1847), за која самиот кажал дека е неговото највредно дело.

Со неа, авторот создал празнична атмосфера што ја доживеал на еден одмор во Италија.

Од Македонската филхармонија го најавија и празничниот симфониски концерт кој ќе се одржи на 17 декември. Ќе биде изведена пригодна програма во духот на новогодишните празници, со пијанистот Евгени Божанов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here