Home LIFE STYLE Храна Крцкав „хаселбак“ компир со сланина и путер (рецепт)

Крцкав „хаселбак“ компир со сланина и путер (рецепт)

273
0
SHARE

Дури и ако не сте љубител на компирите, овој шведски специјалитет е толку добар што ќе го засакате на прво залче.

„Хселбак“ компирот е по потекло од истоимениот град во Шведска, а неговиот фантастичен вкус го освои целиот свет.

Крцкав однадвор, како најдобриот помфрит, а се топи во уста како путер.

За овој гурмански компир ќе ви бидат потребни следните состојки:

– 5 компири, 3 лажици путер, 200 грама сланина, крупна морска сол, бибер, босилек

Подготовка:

Компирите најпрво добро измијте ги, излупете ги и исечете ги така што долниот дел да остане цел.

Путерот и сланината исечете ги на ситни парчиња. Меѓу секоја кришка ставете по малку сланина и путер. На крајот преку компирот прелијте истопен путер и ставете ја морската сол и останатите зачини.

Ставете го компирот во тава и печете добро на загреана рерна на 220 степени околу 45 минути.

За подетални упатства би било добро да го погледнете видео туторијалот.

Повеќе рецепти на hitkujna.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here