Кристијано Роналдо со нов недостижен рекорд

Кристијано Роналдо со нов недостижен рекорд

79
0
SHARE

Кристијано Роналдо со уште една блескава игра и трофеј ја крунисува најдобрата година во својата кариера, кога се работи за постигнатите успеси.

На светското клупско првенство, во финалето тој стана втор играч во историјата кој постигнал „хет-трик“. Претходно тоа му успеало само на легендарниот Пеле.

роналдо

Роналдо сега има вкупно пет погодоци на ова натпреварување, колку што имаат и Лионел Меси, Луис Суарес и Сесар Далгадо. Сепак во една работа Роналдо е еден и единствен.

Тој е прв играч кој успеал во текот на една календарска година да трумфира во Лигата на шампионите, да го освои Европското првенство со репрезентацијата, да стане светски клупски првак и да биде прогласен за најдобар освојувајќи ја „Златната топка“.

кристијано роналдо

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY