Кристина Арнаудова прогласена за најдарежлива јавна личност

Кристина Арнаудова прогласена за најдарежлива јавна личност

122
0
SHARE

Заврши отворениот повик инициран од Септолете Тотал за идентификување на јавна личност која најмногу ја користи моќта на своето грло, промовирајќи активен напор кон благосостојбата на останатите, и според гласовите на учесниците титулата „Најдарежливата јавна личност“ ѝ припадна на Кристина Арнаудова Петровски.

Родена 1979 година во Неготино, Кристина расте со нескротлив ентузијазам и енергија да се посветува на нешта што и го трогнуваат срцето, сигурна дека среќата и благосостојбата која ќе ја обезбеди некому е и нејзина среќа, па таа неуморно го поклонува своето време, финансиски средства и други ресурси за да ја поддржи вредноста во која верува.

Кристина Арнаудова Петровски е основач на граѓанското здружение за хумано-општествен развој „Проект среќа“ преку кое собира и дистрибуира донации заедно со граѓанското здружение „Вистински дела на љубезност“, но и развива проекти кои подразбираат особена грижа за луѓе што не се во состојба да ги задоволат своите основни потреби, почитувајќи ја личноста на секој поединец и зајакнувајќи го неговиот потенцијал. Минатата година со поддршка на компании, амбасади и други организации постави детска театарска претстава „Зелена планета“ како подарок за основните училишта во Македонија која има за цел едукација на децата и подигнување на свеста за заштита на животната средина. Актуелна е со проектот „Среќно матуранти“ во кој собира и дистрибуира облека за матуранти што немаат средства самите да си обезбедат свечена гардероба. Неодамна го потпиша и документот на граѓанското здружение „Конект“, „Ветување за донирање“ со кое ја потврдува својата заложба да вложува ресурси, средства, време и вештини во организации со кои дели исти цели и вредности. Наградата „ОКО“ на здружението „Хорус“ за најголем индивидуален филантроп од Македонија за 2016 година отиде исто така во нејзини раце.

Кристина е постојано активна во споделување на информации и повици за донирање со кои го демонстрира својот активен однос кон човековите вредности, користејќи ја својата експонираност да го сврти вниманието кон сериозните здравствени предизвици, потребата од обезбедување на заштита на ранливите категории, маргинализираните групи или заболените од ретки болести. Про-боно поддржува кампањи против дискриминација, насилство и друг вид на неповолен третман.

Инспирирани од тврдењето што ја слави моќта на здравото грло и вербата дека здравото грло може да инспирира, мотивира, поддржи или охрабри некого, Септолете Тотал ѝ го додели признанието на Кристина Арнаудова Петровски за нејзиниот активен напор кон благосостојбата на останатите и за нејзината подготвеност да ја стави грижата за другите над своите интереси.

„Им благодарам на Септолете Тотал и на сите кои гласаа за мене, а кои во моите постапки идентификувале хуманост и човекољубие. Откако паметам за себе ја негувам таа потреба и подготвеност да помагам и несебично да се грижам за оние кои не можат тоа да го направат за себе.

Се надевам дека моето алтруистичко однесување ќе биде инспирација за останатите“ – изјави Кристина Арнаудова Петровски.

Моќта на грлото е огромна и таа нѝ овозможува да се изразиме најдобро што знаеме. Тоа е основната идеја позади овој бренд што ја слави моќта на здравото грло и свесниот избор да се негува култура на меѓусебна помош и поддршка, која ќе ги охрабрува и останатите поединци и натаму да го култивираат семето на хуманоста.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY