Маја Кикириткова: Градете сопствен стил кој не мора да биде изграден од...

Маја Кикириткова: Градете сопствен стил кој не мора да биде изграден од скапи парчиња облека

0
СПОДЕЛИ

Маја Кикириткова е една од дизајнерите која е честа мета на медиумите.

Смета дека сме генерално убава нација која обрнува внимание на сопствениот изглед, обожава удобна облека, а најмногу пари троши на чевли и чанти.

На последниот викенд се претстави со колекцијата „Во потрага по бесмртноста“ инспирирана од англискиот барок претставен низ призма на постмодернизамот.

Како изгледа еден обичен ден за Маја?

Многу љубов, насмевки, работа и задоволство е дефиниција за еден мој ден.

По завршувањето на студиите во Белград се врати во Македонија. Дали српската престолнина беше голем предизвик за тебе или пак едноставно ти недостасуваше Скопје?

Иако убаво просперирав таму, сепак бев странец и работите не беа розови како што изгледаа. Се вратив во Македонија, на почетокот беше тешко, бидејќи некој не ме знаеше, а и јас не знаев никој, но работите полека се искристализираа, се дојде на свое.

Наближува модната недела. Дали ќе учествуваш и ако учествуваш ќе можеш ли да ни откриеш некој детаљ поврзан со новата колекција?

Колекцијата е во тек на подготовки. За учество уште не сум сигурна, бидејќи имам некои други планови во моментов, кои ако се реализираат ќе бидете известени.

Остатокот од интервјуто прочитајте го на fashionel.mk

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР