Home СПОРТ Кошарка Македонија има нов селектор: Анонимниот Драган Раца ќе ја води кошаркарската репрезентација

Македонија има нов селектор: Анонимниот Драган Раца ќе ја води кошаркарската репрезентација

75
0
SHARE

Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација попладнево го назначи 55- годишниот српски тренер Драган Раца за нов селектор на нашата најдобра репрезентација. Раца ќе ги води црвено жолтите во квалификациите за Европскиот шампион во 2017 против селекциите на Луксембург, Унгарија и Велика Британија.

Раца својата тренерска кариера ја започнал во 2002 година на клупата на АЕЛ Лимасол од Кипар, потоа водел и екипи во првенствата на Либан и Кина. Неговиот последен ангажман е во кинескиот Чунгкинг флај драгонс, претходно бил тренер и на Ираклис, Олимпиас Патра, Апоел, Сагаза(Либан) и Гуангжоу.

Српскиот тренер инаку досега бил и селектор на репрезентациите на Либан (2007-2009) и Кипар (2004-2005).

На стартот на тренерската кариера во 2002 година Раца е прогласен од страна на ФИБА за најдобар тренер почетник во Европа, а три години подоцна во 2005 година го добива и признанието најдобар тренер во клупските натпреварувања под капата на ФИБА.

Во 2007 година како селектор ја водел селекцијата на Либан до сребрениот медал на Првенството на Азија.

Драган Раца инаку со МКФ потпиша две годишен договор до 2018 година , но втората година е условена со пласман на националниот тим на Евробаскетот во 2017 година.

повеќе спорт на : sportmax.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here