Марија Груевска:Не сакам да верувам дека во домашните шоуа се е наместено!

Марија Груевска:Не сакам да верувам дека во домашните шоуа се е наместено!

904
0
SHARE

Марија Груевска е среќна девојка, ќерка на прекрасни родители, се надевам добра другарка, ученичка во средно музичко училиште во Битола и приврзаник на мотото „сега и овде“.

Со овие зборови во две реченици, накратко се опиша моментално актуелната македонска претставничка на регионалното музичко шоу за таленти, „Икс Фактор “, талентираната Марија Груевска.

Откако ја воодушеви жири комисијата со специфичната боја на вокал, како и избор на песна, Марија инстантно стана актуелна низ медиумите како и на социјалните мрежи.

Токму за тоа дека младата битолчанка не е нов талент од македонското музичко небо, туку кандидатка која уште од 2008 година се пријавува на домашни музички шоуа, пишувавме вчера.

По тој повод на Марија и поставивме неколку прашања, се со цел да го слушнете и нејзиното мислење, зошто претходно на домашните музички натпревари речиси и никој не ја забележа.

„Јас тоа не би го нарекла проблем. Во тие претставувања можеби се уште ме гледаа како неоформен музички кандидат со претставувања во добро или помалку добро светло на сцената. Но, верувам дека сите мои досегашни претставувања биле коректни, а оние кои требало да ме забележат, веројатно не можеле да ме вклопат во нивните барани критериуми и очекувања. На крајот на краиштата сакам да верувам дека музиката е за уживање и изразување на сопствените чувства. Сметам дека оние што сакаат да прават само шоу од музиката, тогаш моите чувства и изнесување на музиката не им се допаднале. Оттука не сакам да верувам дека се е наместено, изјавува Марија за Хит портал.

marija1

Дека има навистина специфичен вокал и одлична интерпретација, веќе со коментари на Фејсбук и потврдија и честитаа и некои македонски познати музички имиња.

Веруваме дека тоа е дополнителна мотивација за Марија да верува во своите музички квалитети, па и да дотурка до каде што стигна Даниел Кајмаковски.

За своите понатамошни претставувања вели дека ќе се потруди да бидат барем близу до блуз и џез, односно музичките жанрови што таа најмоги ги обожува.

„Адреналиналинот и возбудата сега се максимално присутни во мене и ме прават да се чувствувам навистина жива. Се заедно, моментално живеам еден специјален прериод, завршува Марија“.

И посакуваме само позитивна енергија, многу самодоверба и посакувани резултати.

marija2

marija-naslovna

Напомена: Сите права се задржани. Текстот не смее да се превзема во целина или во делови, без наведување на извор.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY