„Матица македонска“ го почнува одбележувањето на 25-годишниот јубилеј

„Матица македонска“ го почнува одбележувањето на 25-годишниот јубилеј

573
0
SHARE

Со низа издавачки проекти и програмски активности во текот на календарската 2016 година „Матица македонска“ ќе одбележи 25 години од основањето, кое официјално издавачката куќа го слави во октомври.

По повод четвртвековниот јубилеј, од денеска до 29 февруари во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ ќе бидат организирани пладневни книжевни средби со истакнати македонски писатели, научници и публицисти кои ќе почнуваат во 13 часот.

Првата средба е денеска со писателот Стојан Тарапуза, посветена на неговото дело „Од изгрев до залез“.

До петок во „Матица ексклузив“ ќе бидат организирани средби и со: Димитар Пандев за „Меѓу црквата и чаршијата“, Катица Ќулафкова за „Златен пресек“, Оливера Николова за „Кадифена прекривка“ и со Весна Мојсова-Чепишевска за „Семеен албум“.

– Љубителите на македонската книга низ разговор со познатите писатели ќе имаат можност изворно да се запознаат со нивните новообјавени дела, воедно и да добијат авторска посвета, соопшти „Матица“.

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY