Металург потврди три засилувања

Металург потврди три засилувања

0
СПОДЕЛИ

Металург на својата интернет-страница потврди три засилувања, пред вториот дел на сезоната.

Нови ракометари се Милан Шаин, Томислав Јагуриновски и Филип Арсеновски.

Милан Шаин (1993, 198) е поранешен репрезентативец на Катар, кој во Металург дојде како позајмен играч на Ел Џаиш. Позајмицата важи до крајот на сезоната, со можност соработката да продолжи и во иднина. Игра на позиција лев и среден бек.

“Доаѓањето во Металург го сметам за добар чекор во развојот на мојата кариера и тоа е во складот со моите интереси. Особено е големо задоволство да бидеш трениран од врвен светски специјалист, каков што е Лино Червар. Моите амбиции се поклопија со тие на клубот и ќе се обидеме да го вратиме Металург на местото каде што тој припаѓа“, изјави Шаин за сајтот на Металург.

Младиот Томислав Јагуриновски (1998, 187) доаѓа од екипата на Вардар и игра на позиција десно крило. Јагуриновски е кадетски репрезентативец на Македонија и со Металург потпиша четиригодишен договор.

“Пресреќен сум од доаѓањето во Металург, голем клуб со славна традиција. Посебно е големо задоволство што на овие мои години ќе имам можност да бидам трениран од тренер каков што е Лино Червар, и јас се надевам дека ќе можам да вратам за довербата што ми е дадена“, вели, за сајтот на Металург, Јагуриновски.

Филип Арсеновски (1998, 196) е уште еден кадетски репрезентативец на Македонија. Тој дојде од екипата на Вардар, а игра на пикерската позиција. Со Металург потпиша четиригодишен договор.

“На свои 17-ет години ми се исполни сонот и станав ракометар на Металург, клуб кој што многу значи во Македонија, но и во Европа. Среќен сум што во иднина за мојот ракометен развој ќе се грижи тренер од калиброт на Лино Червар, а јас ќе направам сѐ што е во моите сили да ја оправдам дадената шанса“, вели Арсеновски.

Металург не го потврди четвртото засилување, црногорскиот репрезентативец Стеван Вујовиќ, за кого има информација дека е пријавен во РФМ.

повеќе спорт на : sportmax.mk

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР