Home СПОРТ На Светското првенство во 2026 ќе има 48 репрезентации

На Светското првенство во 2026 ќе има 48 репрезентации

98
0
SHARE

Новиот претседател на ФИФА, Џани Инфантино сака да направи некои радикални промени и да остави белег на своето владеење.

Ако најпрво со шега се гледаше на информацијата дека е можно Светско првенство со 48 репрезентации, сега изгледа дека тоа ќе стане реалност.

„Глобо Еспорте“ пишува дека челниците на ФИФА веќе ја донеле одлуката и таа официјално треба да биде ратификувана и објавена во вторник.

Наскоро ќе биде и официјално потврдено дека на Светското првенство во 2026 година ќе учествуваат 48 репрезентации.

Изминатото Европско првенство за прв пат се играше со 24 репрезентации, реакциите за зголемувањето беа различни.

Голем дел од нив беа негативни и сметаа дека зголемувањето на квантитетот, влијае на намалување на квалитетот.

светско

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here