Наумче Мојсовски: Тешко ми е..

Наумче Мојсовски: Тешко ми е..

135
0
СПОДЕЛИ

Репрезентацијата на Македонија вечерва го победи составот на Чиле во Гдањск, и со победа се простуваме од квалификациите во Полска, од кои очекувавме да ни донесат олимпијада, но не успеавме во тоа.

По натпреварот, Наумче Мојсовски, ракометарот кој го одигра последниот меч за репрезентацијата на Македонија, даде свое излагање за сето ова што се случуваше во Полска, и под многу емоции, едвај прокоментира за неуспехот на Македонија.

„Тешко ми е, ова е многу емотивно за мене. Заедно со најголемиот играч на сите времиња, Кире Лазаров, почавме од 16 години. Многу ми е тешко ова, ова беше еден лош период за нас. Почанв во 1998 година. Игравме големи натпреварувања заедно, направивме големи успеси, петто место на Европско првенство, квалификации за олимпијада, деветто место на СП, и уште многу други успеси. Оваа генерација имаше успеси, заедно бевме долг период, мислевме дека последните натпревари ќе ни бидат во август, ама ете се случија лоши работи“.

„Животот мора да оди напред. Мислам дека публиката не треба да не памети по овие работи, треба да им останат во сеќавање убавите спомени. Во јуни ќе им дадам подршка на момците. Доста беше, им посакувам среќа на младите, имаат квалитет за да не наследат, и се надевам дека еден ден ние ќе ги гледаме на една олимпијада“, истакна со многу емоции Наумче Мојсовски.

Повеќе на www.sportmax.mk

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР