Ноле со поддршка за Шарапова

Ноле со поддршка за Шарапова

493
0
СПОДЕЛИ

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ е еден од ретките актуелни тениски ѕвезди кои застанаа во одбрана на Марија Шарапова и јавно и испратија поддршка во ситуација кога Русинката ја очекува својата суспензија.

Една од најдобрите тенисерки на денешницата имала позитивен допинг тест, а по Серена Вилијамс, поддршка и упати и лидерот во АТП серијата.

– И посакувам се најдобро, долго се познаваме и многу ми е жал за ова што и се случува. Сочуствувам со неа во оваа ситуација и се надевам дека од ова ќе излезе посилна, – коментирал Ѓоковиќ кој периодов ќе настапува на Индијан Велс.

Шарапова со години го користела „мелдониум“ кој е ставен на забранетата листа супстанци од 2016 година, а Русинката тврди дека направила грешка откако не го прочитала списокот испратен до неа од ИТФ уште во декември.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР