Нови детали за големата трагедија на ќерката на Ени Ленокс

Нови детали за големата трагедија на ќерката на Ени Ленокс

128
0
SHARE

Два дена откако 32-годишниот Иан Џоунс се удави во водите во реката Хадсон спасувајќи ја неговата девојка Тали Ленокс, на површината испливаа нови детали од трагедијата, но и мрачното минато на поранешниот манекен и фотограф со кој ќерката на Ени Ленокс беше во врска последните две години.

Тоа требало да биде мирно саботно утро после луда забава со пријателите, но за 32-годишниот Иан Џоунс и неговата девојка, 22 годишната Тали Ленокс, кои после забавата одлучиле да се опуштат и да испловат со кајак во реката Хадсон, било судбоносно.

Мајката на настраданиот Иан, Шерон Џунс на медиумите им открила дека нејзиниот син се удавил спасувајќи ја неговата девојка откако кајакот им се превртел.

Фармерките и чизмите, кои Иан ги носел, го влечеле надолу, а струјата на која наишле била двојно силна да предизвика голема трагедија. Иан се удавил, а Тали била случајно спасена од еден пар кој го слушнал нејзиниот повик за помош.

Телото на удавениот Иан полицијата го пронајде скоро два дена откако тој исчезна во реката.

Поранешниот манекен и фотограф со младата ќерка на музичарката Ени Ленокс, која во Њујорк се обидувала да се пробие како сликарка, беше во врска две години.

Британските медиуми го открија мрачното минато на момчето со ангелско лице.

Имено, Џоунс бил поранешен алкохоличар кој поради неговата долгогодишна зависност една година бил во затвор затоа што пијан им се заканувал на екипажот на еден авион.

Заканите не биле безопасни, па Џоунс, кој бил склон кон јавни испади, проблеми со законот и агресија, скоро една година поминал зад решетки.

Неговата мајка за медиумите изјавила дека по трагедијата на Иан, Тали Ленокс е вон себе и е загрижена за нејзиното психичко здравје.

Sketches of a simple man ! #Polaroid #TheBlues #MrJones

A photo posted by Ian Jones NYC-PHL (@ianjellyrolljones) on

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY