Home ЗАБАВА Од пасија до професија: Марина, девојката која организира совршени моменти

Од пасија до професија: Марина, девојката која организира совршени моменти

83
0
SHARE

Креативна , енергична, секогаш полна со идеи… Од пасија до професија.

Сопственик на фирма за организирање на евенти која се грижи сите убави моменти да станат совршени.

Изработуваат и декорации за големи настани како приеми, прослави, свадби.

1) Марина како се роди љубовта кон оваа професија?

Години наназад сите работни позиции беа поврзани со креативност .

Пред 7 години се вратив од Лондон каде рабоtев долг период како маке -уп артист. Но, исто така секогаш кога нешто требаше да се организира телефонот ми ѕвонеше токму мене.

Како и за се во животов така и за оваа работа – се будиш и едноставно пресеков, почнувам!

Набрзо потоа зедов Wedding Planning Course. Ако навистина сакаме да имаме совршен настан кој треба да остане запаметен не смеев да оставам на случајноста.

2) Од каде црпиш инспирација?

Доколку се работи за готов производ … ама секогаш имам луди идеи (во позитивна смисла) кои се продаваат брзо.

Последна инспирација ми е Магнолија – цветот на тоа дрво едноставно ме остава без здив.

Доколку се работи за клиент зависи најмногу од годишното време, кои материјали ми се на располагање во истиот период.

3) Колку е тешка оваа работа ? Сама ли ја работиш?

Мене воопшто – ама навистина воопшто. Едноставно ме смирува. Можат да ме пратат на другиот крај на светот, веќе сум спакувана.

Имам одличен тим скоро од самиот старт, кој секогаш доколку се случи да не можам јас да бидам присутна тие се тука и ке одговорат беспрекорно.

4) Со какви материјали се работи … од каде ги набавуваш истите?

Во зависност од тоа на каков настан работиме и кој се желбите на клиентот.

Дрво , цвеке , текстил , пластика , стакло, а доколку неможам да најдам она кое ми е потребно во Скопје тогаш патувам за Битола или Грција.

5) На вашата страна можевме да видиме дека честопати сте дел од хуманитарни настани.

Би сакала да се сите здрави живи и да немаат мака нит потреба од тоа, ама за жал животот е непредвидлив.

Секогаш ке одговорам на хуманитарен позив…. без двоумење .

6) Како го поминуваш слободното време?

Дома имам една незаменлива љубов која се вика Јана. Парк , игротека, прошетки…. се е убаво кога е со неа.​

7) Кои се твоите планови за иднина

Има многу веќе се во план неколку саеми за оваа година каде ќе бидат изложени дел од новите колекции.

А, некои од плановите се остварени, дел од производите веќе можат да се купат во маркети.

Работиме да се прошириме и повеќе – и надвор од границиве. Неуморно работиме на случајот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here